1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ваше финале - светот гледа фудбал“

Х.Хесе/Н.Ајкслер/ЕМФ29 јули 2014

ТВ-преносот на финалето на СП во фудбал го следеа милиони луѓе ширум светот. ДВ побара да испратите снимки од тоа како вие го следите финалето. Еве го филмот, кој како што оцени Пер Мертезакер „предизвикува наеженост“.

https://p.dw.com/p/1Cl1z

"YOUR FINAL - die Welt schaut Fußball"

Kick off! на ДВ за време на финалето на СП во Бразил набљудуваше како луѓето ширум светот го доживеаја натпреварот на годината. Снимени се луѓето на плажите на Нов Зеланд, пред еден киоск во Берлин, во московско такси и меѓу рибите на пазарот во Токио. ДВ беше нагости кај оние кои фудбалот го носат во срцето.

Гледање фудбал - дури и папата Бенедикт филозофираше на таа тема: „При гледањето луѓето се идентификуваат со играта... еден вид обид за враќање во рајот, излез од сериозноста на секојдневието... во слободната сериозност на она што не мора да биде и кое е токму поради тоа убаво.“

Над 700 милиони луѓе во 194 земји во светот го гледаа финалето меѓу Германија и Аргентина. Ниту еден друг настан не „врзува“ толку многу луѓе пред екраните. Финалето ги подели луѓето на два табора, зближи непознати и раздели пријатели, победата го засили единството на победничката нација и ја фрли во депресија поразената.

Kick off! испрати репортери во цел свет во потрага по лична СП-нота. Покрај тоа и гледачите сами се снимаа како го гледаат и треперат на финалето, како се радуваат и тагуваат. Најголемиот светски настан во еден филм!