1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бостон и тајните служби

Рут Витвер / Александра Трајковска15 април 2014

Една година по бомбашките напади во Бостон, во кои загинаа три лица, а 260 беа повредени има многу истражни извештаи, но малку конкретни работи. Тајните служби и властите си ја префрлуваат одговорноста.

https://p.dw.com/p/1BiKr
Фотографија: Reuters

До денес луѓето во САД се прашуваат, дали повторно би можело да се случи такво дело. За експертот за безбедност Томас МекНамара е јасно: „Можеби овие напади и би можеле да бидат спречени, доколу тајните служби би ги разменувале нивните информации со локалните власти“, изјави тој во разговор за ДВ. Поранешниот амбасадор МекНамара како советник за безбедност беше во служба на повеќе американски претседатели. По терористичките напади од 11. септември 2001 година тој раководеше со Одделот за размена на информации во американската тајна служба.

Властите и тајните служби на САД додуша го надгледуваат секој пат на комуникација. Сепак двајцата чеченски браќа емигрирани во Америка можеа непречено да ги активираат нивните бомби на 15. април 2013 година. Притоа постариот Тамерлан Царнајев со години бил надгледуван од руските власти. Осомничениот бил целосно променет, ги информираше Русија во 2011 година американската полиција ФБИ и тајната служба ЦИА. Тамерлан Царнајев според нив бил длабок верник, приврзаник на радикалниот ислам и подготвувал средби со припадници на слични сојузи во неговата татковина. Меѓутоа по една истрага ФБИ дошла до заклучок дека Тамерлан Царнајев не претставува опасност за Америка. Голема заблуда.

Недостиг на соработка

По нападите на удар се најдоа ЦИА и ФБИ. Пред сѐ на сојузната полиција и’ се префрлува дека не следела важни укажувања. Во повеќе истражни извештаи се документирани случувањата пред, за време и по бомбашкиот напад. Заклучоците најчесто се сметаат за препораки и никому јасно не му се префрлува одговорност.

Одборот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом, на пример, во својот извештај дојде до сличен заклучок како експертот за безбедност МекНамара. Тајните служби премалку соработувале со локалните безбедносни органи. Така на пример на властите во државата Масачусец не им било познато дека жителот на оваа сојузна држава Темерлан Царнајев бил регистриран од страна на руските и на американските тајни служби. Одборот исто така нагласува дека резултатите биле речиси идентични со заклучоците по терористичките напади од 9. септември и по првите престрелки во Форт Худ во 2009 година. Време било да се остранат овие недостатоци.

Boston / Polizei / USA
Фотографија: Reuters

Локалната полиција е одлична

Повеќе претставници на властите во Бостон неодамна при едно сослушување пред одборот на Конгресот нагласија дека наспроти тоа локалните власти добро соработувале. До овој заклучок дојде и Херман Леонард, професор по кризен менаџмент на Харвард. Тој со мал тим изработи студија за однесувњето на локалните пожарникарски служби, брзата помош и властите и исто така беше присутен на сосолушувањето. „Комисијата оцени дека нашата работа е од голема помош, тие беа согласни со нашите препораки“, вели Херман Леонард во разговор за Дојче веле.

Тајните служби во самоодбрана

Пред неколку денови весникот „Њујорк Тајмс“ цитираше еден сѐ уште необјавен извештај, во кој надзорниот орган на американските тајни служби одговорноста им ја препишува на Русите. Руската влада тогаш не им соопштила сѐ што знаела. Во поинаков случај ФБИ многу поинтензивно ќе му се посветел на осомничениот. Изговор? За Томас МекНамара тоа воопшто не е релевантно. Во природата на тајните служби било да не обелоденуваат информации. Русија двапати ги предупредила САД поради сомнителни активности на Тамерлан Царнајев. „Тоа е доволно, за да се делува“, вели МекНамара.

Во еден интерен извештај на ФБИ по бомбите од Бостон сојузната полиција се пожали дека и’ биле врзани рацете за подлабока истрага - поради сојузните закони и насоки до кои мора да се придржува. Но, според МекНамара ФБИ сепак можел да стори нешто, а тоа е да ги проследи информациите: „Бидејќи овде проблемот е во размена на податоци, не во делувањето“. Овој стручњак нагласува дека ФБИ е воздржана кога станува збор за споделување на информации.

Dschochar Zarnajew Anschläge Boston Marathon Watertown
На Царнајев му се заканува смртна казнаФотографија: picture-alliance/AP

Маратонот продолжува

На 21. април ќе биде означен стартот на маратонот во Бостон. Тој треба да биде најголемиот и најбезбеден маратон. За 118. издание на уличната трка ќе бидат ангажирани двојно повеќе полицајци од минатата година, а патеката ќе биде обезбедувана и со околку 3.500 контролни пунктови со метални детектори, кучиња кои ќе пребаруваат евентуално бомби и стотици илјади камери за набљудување.

Процесот против помладиот брат Џохар Царнајев треба да почне во ноември. На 20-годишникот му се заканува смртна казна. Неговиот постар брат Тамерлан беше убиeн четири дена по бомбашкиот напад во престрелка со полицијата. Тој имаше 26 години.