1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба против нелегалните светски концерни

Кристоф Штрак/превод:БГ2 октомври 2014

Организираниот криминал само во Германија претставува дејност во која се вртат милијарди евра- кои потоа се инфилтрираат во стопанството. На истражителите им се потребни поголема поддршка и средства, смета Кристоф Штрак.

https://p.dw.com/p/1DOl8
Фотографија: imago/imagebroker/begsteiger

Организиран криминал- тоа асоцира на корумпирана економија, градежна мафија, скапи костуми... во секој случај на големи структури. Сето тоа е и точно, иако е тоа само мал дел од гигантското мрачно стопанство. Организираниот криминал може да погоди секого.

Организираниот криминал е меѓународен бизнис. Но, оној кој денес во врска со организираниот криминал говори само за „Италијанци“, „Чеченци“ или „Романци“, не е во право. Со мафијата и другите банди не можат да се доведуваат во врска само странците. „Речиси секогаш во тоа се вмешани и германски државјани“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезие. Околу 40 проценти од осомничените имаат германски пасош. Де Мезие ја окарактеризира соработката со италијанските истражители како „првокласна“. Се јавуваат, сепак, и критички прашања за политичката одговорност во земји како Бугарија или Романија. Но структурата на сторителите, а тие во 2013. потекнуваа од 100 различни земји, ја отсликува глобализацијата и во овој сектор.

Christoph Strack Redakteur im DW Hauptstadtstudio
Кристоф ШтракФотографија: DW

За оние кои се погодени и за надлежните е јасно: „државата“ и „надлежните“ мораат повеќе да сторат. Тоа е лесно да се каже, но конкретното делување е тешко. На властите им се на располагање ограничени финансиски средства, а со криминалците треба да се држи чекор и на технолошки план. Не треба да се заборави ни личниот ризик во кој се впуштаат истражителите. Тука е и загриженоста поради преголемата контрола, без разлика дали е во прашање виртуелниот свет или надгледувањето на животниот простор. Слободата и безбедноста меѓусебно се условуваат.

Оваа есен на германскиот пазар на книги вистински бум бележат текстовите за светската криминална мрежа. На истражителите им е потребна поголема поддршка, бидејќи тие се борат против светските мафијашки концерни кои работат во сенка. Затоа, на полицијата можеби и се потребни и нови правни можности.