1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од црните бројки

Свен Пеле/ СН14 декември 2014

И покрај сите преземени мерки за помош, луѓето во западна Африка и натаму умираат од последиците на еболата. Во Сиера Леоне владата сега презема една необична мерка.

https://p.dw.com/p/1E3xX
Фотографија: picture-alliance/AA/Mohammed Elshamy

Веќе речиси 10 месеци трае епидемијата на ебола во западна Африка. Оваа болест во тој период зема голем данок. Според наводите на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на мртви во трите земји кои се најмногу погодени од ебола, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на над 6.500 смртни случаи, односно на околу 400 смртни случаи повеќе од минатата недела. СЗО во овие три земји се регистрираше вкупно 18.188 инфекции.

Во една болница на истокот на Сиера Леоне вработените во СЗО неодамна пронајдоа 87 тела на луѓе умрени од ебола, а кои се чувани без придржување до соодветните мерки за безбедност. Овој случај ги зголеми стравувањата дека бројот на заболени од ебола во погодените земји би можел да биде многу поголем отколку што тоа го покажуваат официјалните статистички податоци. Според наводите на СЗО во таа област, каде што се пронајдени телата, од март се пријавени само 119 случаи на заболени.

Ebola in Sierra Leone 2.12.2014
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Duff

Властите во Сиера Леоне забранија јавни божиќни прослави

Според наводите на онлајн изданието на весникот „Дејли телеграф“, во Сиера Леоне во изминатите три недели се регистрирани над 1.300 случаи на заразени од ебола. За да се намали опасноста од нови инфекции тамошната влада забрани јавни божиќни и новогодишни прослави. Војниците за време на празниците би требало да се погрижат луѓето да не слават на улица. Околу една четвртина од населението во земјата се христијани. Јавните прослави за време на празниците се инаку многу раширена појава.

Помош од Запад

Од Холандија во петокот пристигна брод со хуманитарни сретства наменети за погодените подрачја од западна Африка. На бродот се наоѓаа 1.500 тона прехранбени производи од Светската програма за храна на ОН, медицински материјал и заштитна облека, како и над 50 возила.

„Дојдовме до одлучувачка етапа во борбата против епидемијата“, рече Кристос Силианидес, европски координатор за ебола и комесар за хуманитарни прашања и кризни ситуации на ЕУ. „Но потребно е да се направат натамошни напори: потребни ни се повеќе медицински помагачи, подобар пристап, поинтензивен труд поради подобрување на против мерките на лице место и поради зајакнување на здравствениот состав во погодените земји.“ Медицинското снабдување во подрачјата погодени со ебола, кои и пред избивање на епидемијата беа катастрофални, сега во бројни подрачја е речиси непостоечко, наведува заменичката на генералниот директор на СЗО, Мари-Пол Кини. Освен тоа, додава таа, многу луѓе кои поради други причини се зависни од медицински третман умираат, бидејќи ги избегнуваат установите како што се болниците или лекарските ординации поради страв од заразување од ебола.

Ebola Freetown Christos Stylianides Vytenis Andriukaitis European Union Helfer
Фотографија: European Union

Покрај потребите за итни медицински третман во голем број региони дополнителен проблем претставува недостатокот од храна, како и пристап до чиста вода и санитарни простории. ЕУ во меѓувреме мобилизираше над една милијарда евра за борба против епидемијата.

Германија на располагање стави над 161 милиони евра. Во Либерија, освен тоа, помагаат и доброволци на Бундесверот, како и на германскиот Црвен крст. Помагаат, на пример, во болниците при тестирање на ебола или обучуваат домашни помагачи. „Тоа веќе спаси човечки живвоти“, вели ополномоштеникот за ебола од германската влада, Валтер Линднер, кој во либерискиот главен град Монровија ја координира германската хуманитарна мисија. Во тој град во наредните денови би требало да започне со работа германски центар за лечење кој првобитно требаше да биде отворен кон крајот на ноември.