1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад во Најроби

ЖА/дв/дпа/ртре/афп24 април 2014

Пак терор во Кенија: во главниот град Најроби во експлозија на автомобил-бомба се убиени четири лица. Не се знае кој стои зад нападот, но сомневањата се во правец на исламистите. Слични напади досега вршеше Боко Харам

https://p.dw.com/p/1Bnep
Фотографија: Reuters

„Од силината на експлозијата веднаш летнав во воздух. Кога паднав повторно на земја, чув крици на луѓето, кочење на автомобили, кои во нагло свртување поминуваа покрај мене“, раскажува Патрик Кимити, сведок на на најновиот напад во кенискиот главен град. Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа синоќа во експлозија на автомобил-бомба во Најроби, потврди Министерството за внатрешни работи на Кенија.

Нападот е извршен пред полициска станица во сиромашен кварт на градот. Полицијата запрела автомобил и додека ги проверуваала патниците, експлодирала бомба што се наоѓала во возилото. Малку подоцна деминери контролирано детонирале и втора бомба. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, врши напади во Кенија во одмазда поради испраќањето кениски војници во соседна Сомалија, за помош на властите во борбата против екстремистите. Ал Шабаб не е хомогена група, туку се состои од повеќе помали групи. Радикалните меѓу нив се пресметуваат со сопственото население и се залагаат за создавање исламска држава.