1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болоњска реформа: Студентите се позадоволни

Габи Ројхер / Е.М.Фиданоска30 октомври 2014

Задоволни со студиите, но помалку политички ангажирани - тоа е резултатот од истражувањето спроведено меѓу студентите во Германија. На што се должи ваквиот резултат?

https://p.dw.com/p/1DeLH
Фотографија: Fotolia/Minerva Studio

Кога Изабела Алберт би била дел од истражувањето, тогаш сигурно би јакритикувала наставата на студиите по физика и инженерство во Ахен. Таа оценува декапредавањата се често застарени. „Има премногу фронтална настава, а материјалот речиси и не е дидактички обработен“, се жали оваа 27-годишна студентка. И таа не е осамена во критиките. Иако две третини од студентите оцениле дека студиите се во ред, тие сепак сметаат дека студирањето треба да се подобри во детали. „Многумина се задоволни со квалитетот на науката, но при предавањето на наставниот материјал има работи кои треба да се подобрат“, оценува Михаел Рам, социолог на Универзитетот Констанц. Тој е член на работната група „Истражување во високот образование“, која е одговорна за истражувањето кое се спроведува секои три години, а се однесува на науката, наставата и животот на студентите.

Со истражувањето беа опфатени 5000 студенти од 25 универзитети во Германија во учебната 2012-13 година. Тоа е најмал број испитаници од почетокот на спроведувањето на ваквите истражувања на почетокот на 1980-тите. „Се разбира, нискиот одзив не не‘ радува“, вели Михаел Рам и додава дека „едноставно на универзитетите има премногу истражувања, таа што владее извесен замор“. Меѓутоа, причината може да биде и фактот дека на студентите им е се‘ поважна приватната сфера. „Кога прашуваме што им е важно на студентите, тогаш речиси секогаш на прво место доаѓаат семејството и пријателите“, нагласува Рам. Студиите сами по себе, истражувањео и науката губат на значење.

BdT Studentenproteste Studiengebühren
Протести против студентските такси во Минхен во 2008 годинаФотографија: AP

Надежи за сигурно работно место

Оној што денес е студент се надева пред се‘ на сигурнор аботно место и работи на тоа како високообразован кадар подоцна да заработува повеќе. Затоа на студентите денес им се особено важни добрите оценки. Инетресот за активности на факултетите или во политиката има второстепено значење. Во 2001 година околу 45% од испитаниците искажале голем интерес за политика. Во 2013 година тој процент изнесува 32%.

Изабела Алберт е активна. Таа седи во студентскиот парламент на универзитетот во Ахен. Познат и‘ е проблемот и тежкотијата да се привлечат студенти за активностите на универзитетот. „Ако не се супее впо привлекување на студентите додека се уште бруцоши, потоа е многу тешко.“ Траењето на бечелор-студиите е по правило само 6 до 7 семестри. Освен тоа, студентите се загрижени да не ја загубат финансиската поддршка од државата и местотот во студентските домови. „Многу студенти се плашат да не не го завршат она што мораат во предвидениот рок, па не сакаат да се врзуваат за дополнителни политички или високошколски ангажмани“, вели Изабела Алберт.

Studenten demonstrieren in Bonn
Протести во Бон против Болоњската реформа во 2009 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

Дел од условите на студирање кои постојано рпедизвикуваа возбуда кај студентите, веќе не се толку спорни. На пример, пред 15 години, кога почнуваше системот на бечелор и мастер студии, имаше многу протести против т.н. Болоњска реформа. Критиката гласеше: за многу кусо време се предава многу материјал за учење, а и структурите на унвиерзитетите каскаат и не ги исполнуваат задачите како што треба. Постојано протести предизвикуваа и студентските такси. Во меѓувреме, таксите се укинати во речиси сите покраини, а истражувањето покажува дека студенбтите сега се задоволни со структурата на студиите. Силниот притисок за остварување на целите, меѓутоа, е останат. Поради тој притисок има висока квота на студенти клои се откажуваат од студирање - над 20%, а освен тоа се регистрира и се‘ поголем број студенти кои имаат потреба од психолошко советување.

Желба за повеќе пракса и поддршка на жените

Со Болоњската реформа универзитетите требаше да станат повеќе ориентирани кон праксата. „Тука има се‘ уште простор за подобрување“, вели Михаел Рам. „Многу студенти сакаат повеќе пракса во текот на студиите, особено на студии по економски или социолошки науки, каде праксата не е задолжителна“. Изабела Алберт посакува надлежното министерство да се ангажира и повеќе за студентките. Истражувањето не покажува дека студентките се запоставени, но во сфери каде доминираат мажи на жените м е потребна поголема поддршшка, вели Изабела Алберт. Освен тоа, таа се залага и за поголема понуда на онлајн-студии и студирање низ работа. „Парите од владата би биле добро иневстирани кога би се вложиле за да се привлечат повеќе студенти кои имаат дете, луѓе кои се вработени или студенти со хендикеп.“