1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Богатите Руси купуваат недвижности во Лондон

Штефани Пипер (ард)/ А.Трајковска 18 декември 2014

Досега богатите Руси купуваа за себе убави куќи во Лондон. Сега меѓутоа сѐ повеќе се интересираат за трговски центри и продавници - последица од падот на рубљата и западните санкции.

https://p.dw.com/p/1E6uX
Луксузни станови во ЛондонФотографија: Getty Images

Богатите Руси кои ги инвестираат своите пари во недвижности во Лондон, најчесто ги одбираа најскапите населби.

Агентите за недвижности ги тријат рацете како што инфоромира „Бизнисвик“: Според консултанската фирма за недвижнини „Knight Frank“ од јануари до октомври е регистрирано зголемување на продажбата на недвижностите за една третина во вредност од повеќе од десет милиони фунти, во споредба со претходната година. Само во ноември интернет страницата на „Knight Frank“ била отворена 13 проценти повеќе од руски IP-адреси, отколку годината претходно.

Падот на рубљата и санкциите го зајакнуваат трендот

Тоа што Русите во голем стил купуваа на пазарот со невижности во Лондон, и со тоа најверојатно ги покачуваа цените предизвикувајќи негодувања не е ништо ново. Западните санкции против Русија и падот на курсот на рубљата очигледно го зајакнаа овој тренд.

Immobilienmarkt London
Фотографија: AP

Ова го забележува и агенцијата за луксузни недвижности „Beauchamp Estates“. Основачот на оваа агенција за „Дејли телеграф“ изјавил дека продажбата на недвижности на високата класа од Русија била покачена за десет проценти, откако пред една година почна да опаѓа курсот на рубљата. Тој во моментов имал десетина клиенти, вели Гери Бушон, од кои секој итно сака да потроши повеќе од 20 милиони фунти во Лондон.

Интерес и за трговски центри и продавници

Досега руските милијардери и милионери во британскиот главен град главно купуваа куќи и стaнови за себе и своите семејства, кои честопати со месеци се празни. Но сега, според агентите за недвижности се интересирале за инвестиции во куќи за издавање или трговски центри и продавници.

Лондон е атрактивен за Русите поради тоа што е финансиска метропола, јазикот, авионските врски, блиските елитни интернати и универзитети како и за нив поволните даночни регулации.

Но, најмалку на хартија, многумина од Русите кои живеат во Лондон значително губеле имот, оти курсот крахирше во нивната татковина. Ова според медиумите го погодувало и Роман Абрамовиќ, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи и Алишер Усманов, сопственик на фудбалскиот клуб Арсенал.

Бумот меѓутоа не мора да значи дека вечно ќе трае. Веќе имало Руси, според познавачите на браншата кои во моментов сакаат да се ослободат од нивните недвижности во Лондон, оти им требало готовина: Каде има купувачи има и продавачи.