1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Боатенг му донесе победа на Бајерн

Јоша Вебер/мф/дпа18 септември 2014

Жером Боатенг го реши дербито во Минхен: Бајерн по 89 минути игра во која доминираше, но делуваше и парализирано и без идеја, го совлада Манчестер Сити со 1:0. Шалке играше нерешено со Челзи, 1:1.

https://p.dw.com/p/1DFAS
Фотографија: Reuters/Michael Dalder

Жером Боатенг го реши дерби мечот, помеѓу Бајерн и Манчестер Сити одигран во рамките на првото коло во Лигата на шампиони. По 90.минута на натпреварот тренерот Пеп Гардиола од радост толку многу го тресеше и „давеше“ Боатенг, што некои од гледачите се загрижија за минхенскиот одбранбен играч. Но, тоа само го покажува олеснувањето на товарот од срцето на Гардиола по голот кој на Бајерн му донесе важна победа.

„Имавме многу шанси. На крајот топката заврши вистински. Манчестер Сити пружи добра игра, но сега кај нас владее чиста радост“, изјави Боатенг за германската телевизија ЗДФ.

Бундеслигашот Шалке пак направи мини изненадување, откако успеа непоразен да го напушти Станфорд Бриџ. Челзи и Шалке одиграа 1:1 во рамките на првото коло во Лигата на шампиони. Менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо по мечот не беше премногу разочаран од резултатот:

„Имавме неколку одлично прилики за гол, но успеавме да освоиме само бод. Тоа не е најдобриот резултат, но сепак е резултат од кој не сме разочарани“.

Челзи во раната фаза на натпреварот постигна гол преку Фабрегас, а потоа Дрогба не реализира идеална шанса за зголемување на водството. Промашувањата на играчите на Челзи ги казни Хунтелар кој го постави конечниот резултат.

„Тие постигнаа гол во второто полувреме, по примениот гол ние добро одговоривме, немам што да им замерам на своите играчи. Дрогба одигра добар меч, пропушти добра шанса кога можевме да поведеме со 2:0, но тоа е фудбалот. Сигурно нема да плачам поради тоа промашување“, изјави за англиските медиуми Мурињо.

За разлика од Мурињо, капитенот на тимот Џон Тери смета дека тој и неговите соиграчи не ги слушале советите на својот менаџер и поради тоа мечот завршил 1:1.

„Мурињо ни кажа дека во финишот на првиот дел делувавме премногу бавно и дека не ги исполнивме поставените задачи. Разаочарани сме бидејќи нзагубивме бодови во првиот натпревар на домашен терен“, рече Тери. Челзи во наредното коло ќе му гостува на Спортинг во Лисабон.

Резултати:

Група Е:

Бајерн Минхен-Манчестер Сити 1:0, Рома-ЦСКА Москва 5:1

Група Ф:

Ајакс-ПСЖ 1:1, Барселона-АПОЕЛ 1:0

Група Г:

Челзи-Шалке 1:1, Марибор-Спортинг Лисабон 1:1

Група Х:

Атлетик Билбао-Шахтјор 0:0, Порто БАТЕ Борисов 6:0.