1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битката за Амерли

ЕМФ/ртр/ард1 септември 2014

Американските сили, за да го одбранат опколениот град Амерли, ги бомбардираат позициите на екстремистите на Исламска држава во северен Ирак.

https://p.dw.com/p/1D4dC
Фотографија: Reuters

Американската армија, според сопствени наводи, во нападите врз Исламска држава погодила еден тенк, повеќе возила и контролни пунктови на екстремистите. Градот Амерли е под опсада на Исламска држава веќе два месеца. Жителите на градот, околу 15.000, се главно шиити. Сунитските милиции на Исламска држава нив ги сметаат за неверници.

Во текот на вчерашниот ден (31.08) до градот конечно успеаја да се пробијат ирачките сили. Според нивни наводи, тие успеале да ги совладаат џихадистите на источната страна на градот, додека на север борбите продолжуваат.

Американската авијација, како што се вели, фрлила повеќе од 100 големи пакети со помош во храна и вода за опколеното население. Освен тоа, помош од воздух фрлаа и британски, француски и австралиски авиони.

САД сакаат на самитот на НАТО во Велс да побараат помош од повеќе држави во борбата против Исламска држава. На тој начин ќе се спречи ширење на „ракот“ на други земји, напиша американскиот министер за надворешни работи Џон Кери во гостински текст за весникот „Њујорк тајмс“.