1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бизнис или морал - француски воени бродови за Русија

Л.Луи / А.Трајковска22 јули 2014

Француско бродоградилиште оваа и наредната година треба да и’ испорача на Русија два воени брода со хај-тек опрема. ЕУ и на САД веќе побараа да се стопира испорачката. Франција меѓутоа опстојува на договорот.

https://p.dw.com/p/1CgRi
Пристаништето во Сен-НазерФотографија: picture-alliance/dpa

Заплашувачки изгледаат двата воени брода, кои бродоградилиштето ЕсТеИкс ги гради за руската морнарица. Едниот од нив е готов за испорачка во октомври.

Во Сен-Назер овие бродови првенствено значат четири години работа за околу 1000 луѓе.

Во пристанишниот град речиси никој не доаѓа на идеја поради кризата во Украина да го стави под прашање договорот вреден милијарди. Посебно не во бродоградилиштето кое почесто беше на раб на банкрот.

Синдикалецот Жан-Марк Перез подвлекува: „Таа тема воопшто не ме интересира. Она што ме интересира е да се обезбедат платите. Ние се залагаме да спречиме да се поништат овие договори, оти со тоа би се ризикувало да се загубат стотици работни места само во ова претпријатие.“

Покрај ЕсТеИкс, од зделката вредна милијарди профитираат и лиферантите. 70 проценти од работите бродоградилиштето ги даде да се изведуваат во регионот.

Како на пример на „Техносолисионс“ - производител на аудио и видео апарати. Една четвртина од обртот на ова мало претпријатие е благодарение на бродоградилиштето.

Фирмата испорачува опрема и за двата руски воени брода - строго тајна техника за прислушкување.

Венсан Гарге шеф на фирмата „Техносолисионс“ истакнува: „Единствената област во која ние навистина можеме да се позиционирме е врвната технологија, која на пример им е потребна на вакви воени бродови. Во евтиниот сегмент немаме шанса. Затоа ни се потребни налози како овие“.

Но, испораката на врвна воена технологија на Русија наидува на критика. Дали Французите навистина треба да им продадат на Русите вакви усовршени командни центри, од кои може да се насочуваат трупи, хеликоптери и десантни бродови?

Frankreich liefert Russland Kriegsschiffe
Франција треба да ѝ испорача воени бродови на РусијаФотографија: picture alliance/dpa

САД, партнер од НАТО на Франција, бара да биде сторниран налогот. И во ЕУ има гласови кои сакаат да го одвратат Париз од испорачката, а и во самата Франција се слушаат сѐ повеќе критички гласови: „Ова е екстремно негативен негативен симбол на само неколку месеци по инвазијата и анексијата на Крим. Тоа беше прва принудна анексија на територија во Европа по 1945 година. Како може да се замисли една земја членка на НАТО само неколку месеци подоцна на Русија да и’ испорачува толку значаен воен материјал?“ прашува експертот за одбрана Бруно Тертрез.

Во ЕсТеИкс девизата гласи смирено и со надеж дека бурата од негодувања ќе помине и дека Европската Унија нема да воведе дополнителни економски санкции против Русија. Оти, во тој случај ЕсТеИкс ќе нема друг избор, освен да го сторнира налогот.