1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беспомошноста на Западот

Александер Кудашеф / Превод: Е.М.Фиданоска30 август 2014

Како да се постапува против империјалистичките амбиции на Путин во Украина? Како да се реагира на радикалните пресврти на Блискиот Исток? Александер Кудашеф во својот коментар доаѓа до разорачувачки согледувања.

https://p.dw.com/p/1D40l
Фотографија: AFP/Getty Images

Една недела пред самитот на НАТО во Велс, неколку дена пред неопходната, разумна и демонстративна посета на американскиот претседател Барак Обама на Естонија и на само неколку часа пред почетокот на вонредниот самит на ЕУ, мора да се констатира - Западот е исправен беспомошно пред неоимперијалистичката политика на Владимит Путин и тектонските стратешки промени на Блискиот Исток.

Санкии и што друго?

Во ЕУ, НАТО и Западот воопшто, се затегнува посилно шрафот на санкции против Русија. И сигурно и на самитите кои следат ќе бидат договорени натамошни санкции. Тие ќе ги погодат Русија и претседателот Путин, но нема да го натераат да ја смени политиката, иако мора да се каже дека никој точно и не знае што Путин всушност сака во Украина - „само“ дестабилизација на истокот или сепак анексија за да се создаде затворен коридор до Крим?

Во секој случај, Путин макијавелистички ја тестира слабоста на реагирање на Западот, знаејќи дека тој, што е разумно, во никој случај нема да одговори воено, туку најмногу би можел да ја опреми слабо опремената, деморализирана украинска армија. Но дури и такво нешто многу веројатно нема да се случи.

Alexander Kudascheff DW Chefredakteur Kommentar Bild
Александер Кудашеф, главен и одговорен уредник на ДВФотографија: DW/M. Müller

Реалнополитички мора да се констатира дека Украина не е субјект на својот развој. Таа е зависна од Москва, зависна од милоста на Путин. Оној кој сака зачувување на единството на земјата - во Киев, Брисел, Берлин или Вашингтон - мора да разговара со Владимир Путин. Мора да се обиде да открие што сака Путин, а потоа да донесе одлука што може да се понуди.

Едно „не“ за членство на Украина во ЕУ и особено во НАТО е всушност предуслов за разговори, а не содржина. Стриктна федерализација на Украина со широки автономни права на истокот е сигурно цел на преговори. Признавањето на улогата на Русија во вкупниот развој не може да се избегне. Или поинаку речено - Украина и Западот ќе мора да се соочат со руско вето по сите прашања. Тоа е цената на тивката руска инвазија. Горчлива цена за Киев и признание дека Западот не може да стори многу, освен со дипломатски отстапки да стави крај на војната. Притоа, отстапки е само збор со кој се камуфлира резигнацијата.

Кутнатиот и изненаден Запад

Западот, по падот на Ѕидот пред 25 години, по повторното обединување на Европа, веруваше во рационалноста на дипломатијата. Тој полагаше врз разум во државните односи. Затоа од амбициите за моќ и безобѕирноста на Путин е исто толку изненаден, колку кутнат. Тој чувствува дека во моментов не е убедителен и во себе убеден актер на светската политика. Во Европа, во ЕУ, постои внимателност и скепса околу амбициите на Западот. САД во мандатот на Обама почнаа да се повлекуваат и да ја ограничуваат својата истакната улога во светската политика. НАТО од поодамна е во криза на идентитетот. Во ваквиот вакуум Владимир Путин настапи полн со самодоверба и верба во својата моќ. На неговите провокации, но и на тектонските промени на Блискиот Исток, Западот досега реагира беспомошно. Само досега? Не, во моментов тој нема што повеќе ни да понуди!