1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкета: Германците го сакаат Швајнштајгер за капитен

ЕМФ/отс/сид30 јули 2014

По повлекувањето на Филип Лам од германската фудбалска репрезентација, Германците се на мислење дека капитен на националниот тим треба да стане Бастијан Швајнштајгер.

https://p.dw.com/p/1CmGP
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во истражување на јавното мислење, спроведено од страна на институтот „Форса“ по налог на магазинот „Штерн“, 35 проценти од Германците се изјасниле за Бастијан Швајнштајгер како иден капитен на германската фудбалска репрезентација. За 27 проценти Германци иден капитен треба да биде Мануел Нојер. На трета позиција е Томас Милер, кој ги има симпатиите на 15 проценти од испитаниците, додека 3 проценти се за тоа капитенската лента да ја носи Сами Кедира.

Уште појасни се резултатите во анкетата на истата тема спроведена меѓу граѓаните кои се интересираат за фудбал. Од нив, 45 проценти се изјасниле за Швајнштајгер како капитен, додека 25 проценти се за Нојер.

Нојер и Милер предизвикуваат поделеност кај припадниците на различни полови. Само 23 проценти од жените се за тоа Нојер да биде капитен, додека кај мажите тој резултат е 31%. За Милер пак, се изјасниле 21% од жените, но само 8% од мажите.

Истражувањето на јавното мислење е извршено на 23 и 24 јули 2014 година, на репрезентативен примерок од 1003 испитаници. Статистичката толеранција на грешка се движи +/- 3 проценти.