1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците од 2017 нема да користат „такси“ до вселената

ЖА/дпа/афп/ртре17 септември 2014

Американските астронаути неколку години користат руски вселенски бродови „Сојуз“ за да стигнат до Меѓународната вселенска станица. Но, НАСА планира од 2017 година да воведе повторно сопствен транспорт.

https://p.dw.com/p/1DDtw
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/NASA

Компаниите Боинг и Спејс Х, на барање на НАСА, ќе работат на развој на нов вселенски брод за транспорт на американските астронаути до Меѓународната вселенска станица. Проектот е избран на конкурс, на кој учествуваа неколку компании, изјави директорот на НАСА Чарлс Болден. Развојот на нов американски вселенски брод ќе дозволи САД да се ослободат од зависноста од Русија за испраќање астронаути до Меѓународната веселенска станица. Сега меѓународните екипажи патуваат исклучиво со руските вселенски бродови „Сојуз“. НАСА се надева дека новиот вселенски брод ќе може да го изврши првиот лет до 2017 година.

Директорот на НАСА Чарлс Болден пред новинарите во Кејп Канаверал не штедеше суперлативи: ова би требало да биде највозбудливото и најамбициозното поглавје во историјата на НАСА и на вселенските летови со човечка посада:

„Најважната нација во светот не смее да зависи во вселенските летови од која било друга земја“, изјави Болден. Руската служба за вселенски летови Роскосмос одби да го коментира ова. НАСА во 2011 година, првенствено од финансиски причини, ја стопираше својата програма Шатл. Оттогаш астронаутите од САД се зависни од руските вселенски бродови за да стигнат до Меѓународната вселенска станица. НАСА за „вселенското такси“ плаќа околу 50 милиони евра по астронаут, што кај неа предизвикува незадоволство. Откако НАСА поради украинската политика на Кремљ демонстративно прекина дел од својата соработка со Русија, односите се посебно затегнати. Во екот на конфликтот рускиот заменик-претседател Дмитри Рогозин им „посоветува“ на САД своите астронаути до Меѓународната вселенска станица да ги префрлат со трамбулина.

Вселенските бродови „Сојуз“ важат засега за најсигурно транспортно средство, иако во почетните години имаше повеќе несреќи со смртни последици.

Новиот вселенски транспортер „орион“ на кој НАСА работи во меѓувреме еден ден би требало да однесе луѓе и на Марс, најави директорот Болден.