1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американски војници им помагаат на украинските колеги

Франк Хофман/сн25 мај 2015

САД до крајот на октомври ги поддржуваат Вооружените сили на Украина со 17 милони евра. Во западна Украина 900 припадници на националната гарда ги обучуваат и нивни бивши сонародници.

https://p.dw.com/p/1FRJQ
Фотографија: DW/F. Hofmann

Антон Безменов длабоко воздувнува. Може ли да замисли да се бори како украински војник? „Ова не се добри времиња за Вооружените сили на Украина“, вели тој дипломатски, „слабо се обучени и финансирани“. Овој американски војник со останатите колеги, обучува вкупно 300 припадници на украинската национална гарда, на најголемиот полигон во земјата, Јаворивски.

Безменов во 1999. година како дете емигрирал во САД и сега живее во американската сојузна држава Мериленд. Роден е во Мариопол, градот на Азовското Море во југоисточна Украина. Источно од Мариопол не заживеа примирјето договорено во февруари во Минск. Но Безменов не размислува за тоа. Мариопол од Јаворивски е оддалечен 1500 километри, и војната е далеку исто како и неговите денови во средното училиште кои ги поминал таму. Овде во Украина не чувствува носталгија.

Реформа на војската одозгора

Во меѓувреме и неговите родители живеат во САД, и тој во украинскиот град повеќе нема семејство, само неколку школски другари. Ама по 16 години во САД, тој стана друг човек. Безменов пред сѐ се чувствува како припадник на американската војска. „Најважно е тие сега да учат и да не заборават што научиле. Мора да изградат војска и тоа одозгора надолу“.

"

US-Armee bildet Soldaten in der Ukraine aus
Фотографија: DW/F. Hofmann

До падот на режимот на Јанукович, украинската војска служеше за самопослужување на командантите лојални на режимот. „Вооружените сили мора повторно подобро да се финансираат“, вели тој. Такво е мислењето на повеќето гардисти кои вежбаат во донирани униформи под надзор на американската војска. Носат униформи на германскиот Бундесвер, како и на украинската полиција- може да се прочита на грбовите.

Обука за 900 припадници на националната гарда

Но американските војници не се жалат на своите украински „ученици“ напротив: „Тие се добри војници“, вели офицерот за печат Александар Скрипничук. Овој американски офицер емигрирал од Украина кога имал десет години. „Видов на вести што се случува во Украина, ама се надевам дека сега сѐ ќе биде во ред“. Благодарание и на поддршката од САД кои до крајот на октомври сакаат да обучуваат 900 национални гардисти.

На полигонотЈаворивски одекнуваат пукотници. Воочливи се разликите меѓу украинските емигранти и Украинците: војниците се хранат во иста кантина. На влезот еден Американец и е еден украински војник собираат потписи, се регистрира присуството: американските војници стојат лево, Украинците десно.

А некои од Украинците се исчудуваат на камерите кои повеќепати ги снимаа. Новинарите се повикани на полигонот од почетокот на мај. Надлежниот офицер Скрипчик говори англиски и украински. „ Ѝ посакувам сѐ најдобро на мојата татковина„, вели тој и додава „ама добро е што сега живеам во САД“.