1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градчето Халтерн завиено во црно

М.Диркбергер/сн25 март 2015

На особено тежок начин, германското градче Халтерн е погодено од авионската несреќа во јужна Франција. 16 ученички и ученици од една гимназија како и две наставнички загинаа во падот на авионот на Џерманвингс. .

https://p.dw.com/p/1ExII
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Едно мало градче во Германија е завиено во црно по авионската несреќа во јужна Франција. Околу 30 илјади жители на Халтерн во германската покраина Северна Рајна Вествелија денеска се обидуваат да се совземат од шокот поради загубата на 18 животи на нивни сограѓани. Трагедијата е уште поголема со оглед дека повеќето од нив се ученици од градската гимназија.

„Вчера бевме многу- денеска сме сами“, напишаа учениците. Гимназијата Јозеф Кениг во Халтерн тагува. Регуларна настава денеска не се одржува, учениците треба да имаат можност, да зборуваат за насреќата.

погледнете го видеото на оваа тема:

Градчето Халтерн завиено во црно

16 ученици од наставниот отсек по шпански јазик и две наставнички беа во урнатиот авион на Џерманвингс. Целиот град им оддава почит.

„Халтерн е мало место, во Халтерн секој се знае со секого и затоа сето ова е уште повџашувачко. Дојдов овде со моите деца за на тој начин да изразам сочувство“.

Во училишниот двор утрината владееше невообичаена тишина. Заштитени од погледите на медиумите психолозите и свештени лица ги придружуваат учениците во нивните одделенија. Тие притоа треба да помогнат да се справат со болката поради смртта на соучениците и наставничките.