1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е научено од исчезнувањето на авионот МХ370?

Габриел Домингез/Симе Недевски31 август 2014

Повеќе од пет месеци по исчезнувањето на боингот 777 на Малезија ерлајнс, сѐ уште нема никаква трага од него. Како реагира воздухополовната индустрија на овој мистериозен случај?

https://p.dw.com/p/1D4LH
Фотографија: Reuters

Судбината на авионот кој на 8. март полета од Куала Лумпур кон Пекинг и натаму останува неразјаснета. Некои податоци од сателитите пружаат индиции дека во јужниот дел на Индискиот океан се урнал авион. Но досега недостасува конкретна трага. Властите и покрај тоа планираат и во септември да ја продолжат потрагата. Без остатоци или нивни делови, прашањето зошто всушност исчезна МХ370 никогаш нема да може да биде одговорено. За роднините и пријателите на исчезнатите времето на неизвесност и болка се’ уште не е завршено.

Како може да исчезне авион?

Straße von Malakka im Fokus von Piraten
Фотографија: Atar/AFP/GettyImages

По исчезнувањето на малезискиот авион и авионските компании мораат да си постават некои прашања како еден ваков случај во иднина да не се повтори. Имено, МХ370 тоа рано утро од Куала Лумпур полетал без никакви проблеми. Но по 26 минути е исклучен системот за комуникација АКАРС кој ги пренесува најважните технички податоци за летот на авионот. По еден час МХ370 престанал да испраќа сигнали до контролата на летање. Но потоа е забележан од еден воен радар, а подоцна и од еден цивилен сателит.

Тоа се веќе познати факти, сите останати шпекулации кои редовно се појавуваа во медиумите не се потврдени. Но теориите на заговор и шпекулациите добро поминуваат токму поради прашањето кое си го поставува целиот свет: како е можно во време на деноноќно надгледување со сателити и глобално вмрежување едноставо да исчезне патнички авион со 239 лица? Стручњакот за воздухопловство Крис Јејтс објаснување гледа во фактот дека компаниите за следење на своите авиони не користат најнова техника. Нова техника има, но поради драстичните проверки поврзани со цивилното воздухопловство примената на секоја нова техника трае со години, ако не и со децении. Покрај тоа, тука се и трошоците. Компаниите не се пресреќни ако поради некои нови безбедносни стандарди мораат да го „прекопаат“ половина авион.

Symbolbild Radarschirm Flufhafen
Фотографија: Getty Images

„Tracking Task Force" во акција

Но постои свест дека сепак нешто мора да се стори. Меѓународната организација на авионски превозници ИАТА во писмото за ДВ потврди дека се „постигнуваат напори“ во иднина да се избегне еден авион едноствно да исчезне од лицето на земјата. На пронаоѓање на најдобар систем веќе работи една, посебно за таа цел оформена, група стручњаци. Интензивно се работи на нова генерација на т.н. „црна кутија“ („Black Box“) која би имала подолг век на траење и засилен сигнал што би овозможило полесно пронаоѓање под вода. Така во иднина „црната кутија“ од длабочината на океан би праќала сигнал 90 наместо досегашните 60 дена. Прекуокеанските авиони би биле опремени со „црни кутии“ со дополнително засилен сигнал, а во случај на непредвидливи движења (како што е ненадеен пад) авионот автоматски би пратил сигнал на сателит. Но се проценува дека за воведување на овие промени ќе бидат потребни 5 години.

Die gefährlichsten Berufe Pilot
Фотографија: picture alliance/blickwinkel

Употреба над океан

Фирмата „Имарсат“, чиј сателит ги забележал последните сигнали на МХ370 над Индискиот океан, смета дека постојаното следење на авионите со помош на сателити е неопходно. Пред се’ во моментите додека се наоѓаат над океан или кога не се во опсегот на радарот на контролата на летање. Засега овој вид на следење авиони е воведен само во некои делови од светот. Притоа, како што вели стручњакот за воздушен сообраќај Хенрих Гросбонгарт, технологија веќе постои и е вградена во поголемиот број авиони од новите генерации. Но засега таа се користи само со цел да се пронајдат најекономични рути. Уште еден од можните системи кои би можеле во иднина да помогнат во давање одговори на прашањето зошто паднал некој авион е и техниката „Црна кутија во облак“ („Black Box in the Cloud“) при која „црната кутија“ веднаш по почетокот на падот им праќа сигнали на сателитите. „И најмалиот дел информација достапен веднаш по падот може да помогне во пронаоѓање одговори“, вели гласноговорникот на фирмата „Имарсат“, Џонатан Синат.