1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со здрава исхрана против генетските болести

7 октомври 2008

Подобро да се спречи, отколку да се лечи. Во иднина, храната би можела да биде лекот за нашата „цивилизациска болест“ - брзото живеење.

https://p.dw.com/p/FV0C
Овошје и зеленчук - основата на здравата исхранаФотографија: AP

Модерното јадење може да ве направи болни, предупредуваат научниците. Индустриски произведената храна, како и нездрава исхрана со многу месо, млеко, производи што содржат конзерванси, а малку свеж зеленчук се причината поради која доаѓа до воспалувања на цревата кај луѓето. Најчести неизлечиви заболувања се морбус крон и колитис улцероза. Научници во Кил за првпат докажаа дека колитис улцероза е генетско заболување, но може да се активира преку погрешна исхрана.

На институтот за клиничка молекуларна биологија на универзитетот Кил научниците се сигурни: болестите како астма, реума и алергија на млеко се генетски поврзани и ги носиме во себе, меѓутоа можат да се активираат доколку се храниме со индустријализираната храна. Лица кои имаат астма или, пак, алергија на полен, значи дека ги добиле овие алергии поради тоа што имале генетски предиспозиции за тоа. Меѓутоа, заболувањата чекале да бидат поттикнати од нешто, а во овој случај тоа се неприродните прехранбени продукти.

Откриени гените што предизвикуваат колитис улцероза

Frau mit Bic Mac Hamburger
Лошата исхрана ги активира генетските болестиФотографија: AP

Тоа може да се види и кај т.н.колитис улцероза, хронично воспалување на дебелото црево, од кое се создаваат чирови во цревото. Оваа болест во 1945 година се` уште не постоела, денес од неа страдаат околу 300.000 луѓе во Германија . Раководителот на институтот, професорот Штефан Шрајбер, објаснува како научниот тим од Кил ги открил генетските причини на болеста: „Порано мислевме дека постојат некакви проблеми со имунолошкиот систем, денес знаеме: се работи за тоа како луѓето се однесуваат со својата микрофлора ондосно со стомачните бактерии. Истражувањата околу колитис улцероза се на самиот почеток. За првпат ги откривме гените одговорни за болеста, со тоа што тестиравме илјадници пациенти, заболени од колитис улцероза. Од тестот можевме да закличиме дека овие болести не се потполно различни, туку се поклопуваат, како и многу други во медицината.“

Болеста кај луѓето се манифестира со диареја, пропратена со големо крварење. Причината за ваквиот развој во телото е едноставна: преголемо конзумирање индустриски произведена храна. Тоа значи дека овие болести се шират онаму каде луѓето се` повеќе се хранат според т.н.западен начин: многу месо, млеко, малку свеж зеленчук, многу производи со вештачка арома и конзерванси.

Старата, здрава исхрана ја снема засекогаш

Кога дебелото црево еднаш ќе се воспали, тогаш лекарите препорачуваат поздрава исхрана, богата со фиброзни материи. Но, тоа не е доволно за пациентите да се излечат. Во иднина храната треба да содржи материи, што ќе ни помогнат да останеме здрави. Професорот Шрајбер за ова вели: „Медицината во иднина, сметам дека ќе содржи една индивидуална, молекуларно дефинирана прехранбена компонента. Значи, нема да зборуваме повеќе за тоа како да се бориме против болестите, туку ќе зборуваме за тоа како да го сочуваме здравјето и, се разбира, како ќе го финансираме тоа.“

Оваа прехранбена компонента може да бидат високо дозирани и ситно сомелени фибриозни материи. Или, пак, овошни киселини, што се многу здрави, а недостасуваат во нашата исхрана. Значи, тие ќе бидат вештачи дополнети во некои прехранбени производи. Медицинарите во едно нешто се сигурни: враќање на старата, здрава исхрана повеќе нема.

Медицината и науката за исхрана ќе се спојат

Paar am Obstmarkt Symbolbild
6 милијарди луѓе веќе не можат да се прехранат само од земјоделствотоФотографија: Bilderbox

6 милијарди луѓе не можат да се прехранат само од земјоделството, како пред 400 или 40 години, кога живееле значително помалку луѓе на планетава отколку денес. Исхраната на луѓето останува таква каква што е денес, само што ќе биде збогатена со витамини и здрави материи. Бидејќи исхраната во богатите земји, онаква каква што е денес, не е добра по здравјето на луѓето. Во иднина ова ќе значи: на оној кој страда од т.н.цивилизациска болест, потребен му е лек. Тој лек ќе биде содржан во храната.

За таа цел, многу лекари и научници за исхрана соработуваат во Кил за да развијат нова метода, која ќе влијае уште пред луѓето да се разболат. Професорот Штефан Шрајбер објаснува како тоа ќе изгледа: „Во иднина ќе се обидеме да формираме центри што ќе ги поврзуваат медицината и науката за исхрана. Во моментов науката за исхрана се користи само кога сме здрави, а медицина им помага само на болните. Бидејќи медицината се` повеќе се грижи и за болестите во почетен стадиум, сега на тоа треба да се надоврзе и науката за исхрана.“