1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помирливи тонови, горки вистини

Јанис Пападимитриу/бг25 март 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас за првпат официјално го посети Берлин. Неговата посета во грчките медиуми се оценува како успех, но забележан е и недостаток на конкретни резултати

https://p.dw.com/p/1ExBW
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Имајќи ги во предвид тензиите кои владеат меѓу Атина и Берлин сите коментатори во Грција беа изненади од коректниот тек на разговорите меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Државната телевизија Нерит извести за „топлиот прием“ кој Меркел му го приреди на Ципрас, но и за „собирот на солидарност“ на грчките и германските граѓани пред седиштето на германската канцеларка. Конзервативно-либералниот весник „Катимерини“ остана на професионална дистанца оценувајќи дека „е сторен обид да се пробие мразот“. Алексис Папахелас, директор на весникот, оцени дека посетата на грчкиот премиер на Берлин била успешна, бидејќи Ципрас сепак покажал способност за самокритика. Имено, Ципрас призна дека за кризата постојат и интерни, грчки причини, но дека и претходните влади направиле по нешто исправно. Папахелас смета дека таквите изјави сведочат за „вртење кон реален поглед на нештата“, прашувајќи се истовремено, зошто тој смисол за реалност не го покажал уште пред два месеци, по превземањето на власта. „Изгубивме драгоцено време, а грчкото стопанство веќе претрпе штети“, вели тој.

Нова политика или нов „политички микс“?

Јанис Претендерис, коментатор на телевизијата „Мега“, исто така поаѓа од тоа дека официјална Атина се врти кон пореален поглед. Ципрас, според него, во предизборната кампања говорел за „целосно нова политика“, додека во Берлин споменуваше „политички микс“ во кој приоритет би имале структурните реформи и борбата против затајувањето данок. Слично реагира и весникот „Македонија“: „Алексис Ципрас сака компромис“, може да се прочита на насловната страница на солунскиот весник. Притоа се констатира дека Меркел била љубезна, но дека не ги променила своите ставови. И Претендерис смета дека Ципрас ги променил ставовите: „Додека Ципрас целосно отстапи од почетната позиција, Меркел речиси воопшто не му излезе во пресрет, укажувајќи на надлежноста на министерот за финансии на еврозоната“.

Berlin Tsipras bei Merkel
Алексис Ципрас и Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

На социјалните мрежи се води дебата за тоа дали Ципрас навистина отстапил од ставовите и дали неговата партија, Сириза во тоа ќе го поддржи? „Ова е моментот кога Ципрас го преименува омразениот Меморандум за штедење во петгодишна економска програма“, вели иронична една корисничка на Твитер. „Прес-конференцијата на Меркел и Ципрас наведува на заклучок дека Ципрас повеќе не е член на Сириза“, и одговара друг корисник. Партискиот весник „Авги“ е воздржан во коментарите. На насловната страница се нагласува дека посетата на Берлин е првиот чекор кон повторно воспоставуање доверба. На Фејсбук, грчкиот премиер собра изненадувачки позитивни реакции од поранешниот министер за индустрија во конзервативната влада, Стефанос Манос, кој важи за изразит заговорник на либералната економска политика. „Ципрас беше извонреден на конференцијата. Се надевам дека сега надежта која ја разбуди ќе ја претводи во практична политика и дека ќе тргне по некој партиски другар кој не е со чиста свест“.

Прашањето за репарациите

Ципрас во Берлин говорешен изненадувачки опширно за грчкото барање за репарации во врска со германската окупација во Втората светска војна. Во лево-либералниот весник „Весник на журналистите“ му се оддава признание на Ципрас бидејќи е „првиот грчки премиер кој воопшто го отворил тоа прашање“. Никос Хаџиниколау, новинар познат по воздржаните анализи, за телевизијата Стар изјави: „Изрично го поздравувам и сметам дека така мислат сите Грци, тоа е првпат грчки премиер во Берлин, во присуство на германската канцеларка да говори за репарации“.
Алексис Папахелас се залага за реалистичен пристап, и покрај емоционалната реторика во Атина: „Оваа приказна оди во насока на формирање на германско-грчки фонд за иднината. Со тоа и германската страна може да покаже добра волја, без вплеткување во судски процеси“.