Никнаа првите шатори пред Владата
17 мај 2015
По завршувањето на официјалниот дел од антивладиниот протест, во кој доминираа јавни обраќања, големата бина вечерва е размонтирана, поставена е помала, а неколку илјади лежалки, вреќи за спиење и шатори се растоварени на тревникот спроти зградата на Владата. Веќе никнаа и првите шатори, во кои ќе преноќат дел од учесниците на денешниот протест. Најавена е програма од 19 и 30 часот. Уште пред два дена лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека 4.600 активисти се пријавиле во континуитет да ноќеваат пред Владата и дека ќе останат таму се додека владејачката гарнитура не поднесе оставка.
Во протестната „камперска населба“ доминират пораките што денес граѓаните ги упатија до Владата и премиерот: „Оставка“, „Збогум Никола“, „демократија – сега!“, „Ти нема спас од народниот глас“...