1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Грција ѝ истекува времето

Ј. Шнајдер/бг19 март 2015

Акутните финансиски проблеми на Грција повторно ќе бидат тема на вонреден состанок по самитот на ЕУ. Политичките решенија ќе се бараат од највисоко ниво. Грција има се‘ помалку пари и време

https://p.dw.com/p/1Et8X
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Атина ноќе, или Франкфурт преку ден- исти слики. Протести и запалени барикади. Страстите ги зовре спасувачката политика на еврозоната.

Во Брисел, еврогрупата и Грција повторно ќе разговараат за изнаоѓање излез од кризата. Тонот станува сѐ поостар и покрај протестите.

„Целата ЕУ ја сака Грција во еврозоната, и ние сме цврсто приврзани кон тоа. Тоа особено важи за активностите на Комисијата. Кажав и претходно и ќе повторам дека сметам оти излезот на Грција ќе значи огромна штета за еврозоната, како од економска, така и од политичка гледна точка“, изјави во Брисел еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси.

Грција има долгови од 320 милијарди евра. Огромен товар, кој Атина ќе мора да го отплаќа до средината на веков. Доколку воопшто и успее во тоа. Грчката економија е на колена, а на земјата и недостасуваат и пари и идеи, за тоа да го промени.

На Грција ѝ истекува времето