1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачката армија на маки во операцијата за Рамади

Биргит Свенсон23 мај 2015

Офанзивата на ирачката војска, со цел враќање на градот Рамади под контрола на Багдад, се оддолжи. Ирачката влада нема доволно доброволци за таква операција.

https://p.dw.com/p/1FVR8
Фотографија: Reuters

„Нема да дозволам да ме натераат“, вели Каис кој стои пред канцеларијата за рeгрутирање во багдадската населба Карада. Тука се врбуваат доброволци за борбите во соседната провинција Анбар. Момчето доаѓа од шиитската метропола Басра, втор град по големина во Ирак кој се наоѓа на југот на земјата. Каис вели дека одговорил на повикот на ајатолахот Али ал-Систани во минатата година во јуни, кога тој повика на одбрана на татковината и шиитските свети места. Тогаш групите на терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) во блиц-акција ги зазедоа Мосул, Тикрит и големи територии на северот на Ирак и почнаа да напредуваат кон Багдад.

На патот кон Багдад се наоѓа Самара, шиитски свет град, кој мораше да се одбрани. Каис не сакаше да дозволи уште еднаш да дојде до избувнување на граѓанска војна, како во 2006. година кога терористите на Ал Каеда ја разурнаа џамијата во Самара и кога започна крвава борба меѓу шиитите и сунитите. Тој остана во борбените редови и кога шиитските единици од Самара тргнаа на север, за да го повратат Тикрит, главниот град на провинцијата Салахудин. Но сега треба да се бори за провинцијата Анбар? „Па тие се луди“, со овие зборови овој 24-годишник ја искоментира одлуката на ирачкиот премиер, да испрати шиитски доброволци во борба за Рамади. „Анбар е пекол“. Така гледаат на тоа и други млади шиити.

Irak Anschlag von Samarra
Уништеното шиитско светилиште во Самара во 2006. годинаФотографија: AP

Војниците бегаат

И додека во првиот бран на мобилизација во минатото лето илјадници луѓе одговорија на повиците за одбрана од ИД, навалувајќи во регрутниот центар во Багдад, сега ситуацијата е поинаква. Повикот на премиерот Хаидер ал-Абади за „згуснување на редовите и поддршка на армијата во Анбар“ не наидува на одек, каков што имаше некогашниот повик на ајатолахот Систани. Владата во Багдад би можела да дојде во ситуација да нема доволно борци за обид повторно да го врати под сопствена контрола градот Рамади. Абади дури размислува да ги вооружи сунитските племенски лидери, иако тоа досега неговата влада, во која доминираат шиити, постојано го отфрлаше. Причина за тоа е стравот дека оружјето, по евентуална победа над ИД, би можело да се насочи против владата во Багдад.

Плановите американскиот Конгрес да даде директна поддршка на сунитските и курдските единици во Багдад предизвикаа жестоки реакции. Абади категорично отфрли каква било воена помош, која не оди преку Багдад. „Конгресот во Вашингтон со тоа го поткопува нашиот обид да воспоставиме целосна државна власт“, беше пораката на Абади која ја пренесе неговиот портпарол. Но катастрофалната ситуација, во која сега се наоѓа ирачката војска, би можела да ја оправда оваа мерка и да ја направи неопходна. Речиси 1.000 припадници на безбедносните сили на ирачката војска за време на викендот, кога трупите на ИД напредуваа во Ирак, дезертираа, меѓу нив и многу полицајци. Тактиката на ширење страв и ужас, која ја спроведуваат џихадистите, функционира добро. Гласините дека 10.000 мрачни божји борци од Сирија напредуваат во насока на Рамади, предизвикаа дезертирање на ирачките војници. Фактот оти на крајот 3.000 борци на ИД го освоија градот со 280.000 жители, преставува срам од кој ирачките трупи нема толку брзо да се опорават.

Kämpfe in Ramadi zwischen IS und irakischer Armee
Борби во предградијата на РамадиФотографија: Reuters/Stringer

Потфрлање на војската

Со освојувањето на Рамади, ИД забалежа најголемо освојување на територии од август минатат година, кога ги нападна курдските територии на северот на Ирак. И тогаш ирачките војници се повлекоа и без борба им препуштаа територии на борците на Исламската држава, исто како и во минатиот јуни, кога ИС ги совои Мосул и Тикрит. Тоа го наметна прашањето , каде исчезнаа милионите долари кои американската влада ги издвои за создавање силна ирачка армија, која сега кога треба да се покаже, едноставно потфрла.

По влезот на Американците и на Британците во Ирак и соборувањето од власт на Садам Хусеин, американскиот администратот Пол Бремер преку ноќ ја распушти ирачката армија, на што денес се гледа како на тешка грешка. Поранешните офицери од Садамовата армија го организираа отпорот против американската окупација. Градовите Фалуџа и Рамади во сето тоа имаа важна улога.

За време на повлекувањето на американската војска од Ирак во 2011. година, еден интерен извештах на Пентагон, даде лоша оценка за нововоспоставената ирачка војска. Во него се говори за недоволна мотивација ама и за недоволна обука на војниците. Востановен е недостаток по прашањето на воената опрема и вооружувањето. Оттогаш бројни воени инструктори од целиот свет беа испратени во Ирак: 5000 од САД, стотици од Австралија, Канада, Франција, а и Германија испрати 70 инструктори. Од дебаклот во Рамади се поставува прашањето за ефикасноста на овие експерти. Шиитскиот доброволец Каис, кој меѓу првите се одзва да оди во борба против ИС, сѐ уште не видел ниту еден таков инструктор. Убеден е дека во „пеколот во Анбар, иаонака тие нема да одат“