1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев бара правен епилог за корупцискиот скандал

Б.Г./миа20 април 2014

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа вели дека очекува институциите да го истражат корупцискиот скандал во кој, според него, е вмешан премиерот Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/1BlNd
Фотографија: Petr Stojanovski

Одговорност мора да има, правен епилог мора да има и за оние материјали кои порано ги објавувавме, а институциите велат дека работат на тоа, а очекуваат најверојатно граѓаните да заборават на тоа, но ние нема да заборавиме, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Опозицијата има задача тоа да го обелоденува постојано и да прави притисок врз институциите да го процесуираат до крај, а за ова каде што е инволвиран врвот на власта, премиерот лично, апсолутно нема дилеми дека тоа мора да биде истуркано до самиот крај.

Имаме неколку причини да очекуваме пресврт во резултатите, смета Заев. Секако ова е една од посилните причини, поради тоа што се надеваме дека од тие 439 илјади кои гласале за Ѓорге Иванов и кои дале порака дека ќе гласаат за власта, да ги охрабриме веќе тоа да не го прават, оти на некој начин се соучесници на еден начин и второ тие се наши граѓани кои ѝ сакаат добро на Република Македонија, колку и да се задоени партиски активисти. Се надеваме дека и од „војската“ на ВМРО–ДПМНЕ ќе прекршиме голем дел. Оваа порака е пред сe‘ упатена за оние кои се под системска контрола, државната администрација, земјоделците со субвенциите, примателите на социјална помош, сето она сиромашно и кревко граѓанство, кое, за жал, знаејќи дека нема иднина вака, дека тешко и мачно живее, дека не може да гаи никаква надеж за подобра иднина, а сепак нема каде, оти се под контрола, под притисок, на крајот повторно го дава гласот за власта, на крајот токму тоа ќе се прекрши, вели Заев.

Заев, во разговорот не ја исклучува ниту можноста од реакција на неговата партија доколку, како што вели, и во вториот изборен круг нема јасно разграничување на државата од партијата.

„Сите веќе знаете, ако на 27 се повтори ова, сите опции се отворени. Ќе сториме сe, ем да бидеме одличен пример за почитување на законот, ем да бидеме првиот охрабрувач на граѓаните, за да се одважат и да кажат стоп на ова харање, пљачкање и уништување на Македонија“.

На прашањето кои опции се во игра, Заев одговара: „сите опции, бојкот, непризнавање на резултатите, улична демократија, опцијата на победа. Се надевам дека на 27 ќе бидат најизвесните и најдобрите опции за Македонија, тоа е таа конечна надеж која мора да ја има секој граѓанин на Македонија, а и опозицијата.“