1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градот во кој беа отворени портите на пеколот на сeевропската војна

Ф.Хофман/ З.Јордановски28 јуни 2014

На 28.6.1914. во Сараево беше убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Неполни пет недели започна Првата светска војна. Каква улога денес, во градот игра сеќавањето на пракатастрофата на 20. век ?

https://p.dw.com/p/1CRfT
Aвстро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд непосредно пред атентатотФотографија: picture-alliance/dpa

Пред 100 години на еден сараевски мост, кој сѐ уште постои беше пукано врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софи. Со огромна плаката во Сараево се потсетува на овој настан. Атентаторот, Србинот Гаврило Принцип, покрај престолонаследникот.

Културата на сеќавање како атракција: местото на атентатот, по кој уследи Првата светска војна, сега привлекува туристи од целиот свет.

Но, какво значење има тоа минато за граѓаните на Сараево? Тие секојдневно се потсетуваат на една друга војна: на убиствата во Босна пред 20 години, на 11-те илјади мртви од тоа време погребани само на сараевските гробишта.

За филмскиот уметник Аида Бегиќ предизвик е да ги поврзе обете работи - големата светска војна на почетокот и војната во Југославија на крајот од 20-от век.

„Мислам дека најлогично место за денес да се упати антивоена порака, во моментов е Сараево. Оти, за жал, ситуацијата во светот некако повторно мириса како во 1914-та, со проблемите околу Крим и сите други чудни тенденции“, вели Аида Бегиќ.

Таа е една од малкуте уметнички кои останаа во Сараево. На годинашниот фестивал во Кан таа учествуваше со филмот „Сараевските мостови“.

Прикажани беа 13 кратки филмови за Сараево од 13 филмски автори од цела Европа.

Теми: од атентатот врз Франц Фердинанд во 1914-та, до војната во Босна во 90-тите години и последиците од неа.

Franz Ferdinand Anschlag Gavrilo Princip
Фотографија: AP

Во квартот од станбени блокови се одигрува дејствието на филмот на 38-годишната Аида Бегиќ - таа отиде во средина во која соживотот во мултиетничката земја до денес е проблематичен, каде сеќавањата на војната уште се секојдневие.

Трагите од удари на гранати од времето на српската опсада на Сараево на почетокот на 90-тите години се одвај прикрпени.

„Тогаш за прв пат решив како филмски автор да се соочам со тој период од мојот живот. Дотогаш повеќе бев фокусирана на ситуацијата потоа, на поствоените последици, но не и на самата војна. Повторно ги изгледав сите филмови, повторно размислував и морам да кажам дека тоа не беше лесен процес. Ја отворив раната и мислам дека треба да продолжам со друг, поголем проект“, раскажува Бегиќ.

Во годината на сеќавање на Првата светска војна, Аида Бегиќ ги обработува убиствата од времето на нејзината младост. Тешко е, 19 години по војната во Босна националистички се инструментализира и сеќавањето на светската војна. Во собранието на градот Србите аргументираат против, а Босанците и Хрватите повеќе во прилог на хабзбуршкото царство.

„Тие само користат такви, според мене, многу бесмислени стории со цел да ги наметнат во преден план нивната политичка волја и намери“, критикува уметничката.

Повторно националистички дебати кои предизвикуваат поделби. Во стариот центар на Сараево од времето кога припаѓало кон Австроунгарија, еден хостел се рекламира со Франц Фердинанд, отворен токму за 100-годишнината од Првата светска војна.

Секоја соба има име со предисторија. На таваните и ѕидовите се велича Хабзбуршката монархија.

Gavrilo Princip Attentat auf Franz Ferdinand in Sarajevo 1914
Гаврило ПринципФотографија: picture-alliance/Heeresgeschichtliches Museum Wien

На подот се наведени настаните се’ до атентатот.

Нирела Смајовиќ е рецепционерка. „Раскажуваме приказна за нешто: овде за атентатот, а кат погоре за Првата светска војна. Луѓето се интересираат за тоа.

Светската војна како украс на ѕидовите, во градот во кој со истрелите врз австрискиот престолонаследник започна големата катастрофа пред 100 години.

Вистинско соочување и обработка на минатото недостасува, денешните млади се измамени.

„Мислам дека луѓето не се свесни за политичката порака кога некое место ќе го именуваат според Франц Фердинанд. За жал, во оваа земја најголем дел од нештата се многу површни и можеби поради тоа и сме во ваква ситуација во каква се наоѓаме, оти луѓето не размислуваат доволно. Во најголем број случаи не станува збор за пораки, туку тоа е нешто како мода или слично“, вели режисерката.

Аида Бегиќ оди подалеку, се обидува да воспостави мост од пракатастрофата на почетокот на 20-от век до неговиот брутален крај - во Сараево.