1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вистински одговор на ЕУ

Бернд Ригерт Превод А.Трајковска30 јули 2014

Дали санкциите против Русија ќе го имаат посакуваното дејство, не знае никој. ЕУ меѓутоа, мора барем да се обиде, оценува Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/1Cm9b
Фотографија: picture-alliance/dpa

Конечно! Реализирано е. По повеќемесечни одлагања и колебања, Европската унија иницираше потенцијално најделотворни економски санкции. Не беше лесно за 28-те земји членки да се спогодат на единствена позиција, бидејќи секој пред очи ги има и мора да ги има сопствените економски интереси. Сега успеаја да постигнат согласност. Тоа само по себе е позитивно. Доколку ЕУ не делуваше, би се загубила нејзината веродостојност. По сите најави и закани во правец на Москва, сега мораше да следи јасен одговор.

Рускиот претседател игра на картата ризик. И покрај трагичната смрт на речиси 300 целосно неинволвирани патници во источна Украина, не им нареди повлекување на разузданите бунтовници. ЕУ не можеше веќе поинаку. Окупирањето на Крим го прифати. ЕУ гледаше како во Источна Укриана еден вооружен бунт премина во еден вид граѓанска војна. Таа дозволи Москва да ја понижи и потисне. Таа на Владимир Путин му даде неколку дипломатски понуди. Но, дури падот на авионот на летот МХ-17 доведе до согледувањето - сега е доволно!

Дали економските санкции ќе го имаат посакуваното дјество и ќе го предомислат рускиот претседател никој не може со сигурност да предвиди. Но, ќе трае долго. Руското стопанство ќе страда, можеби ќе има рецесија, но Владимир Путин економски може подолго да издржи, отколку што тоа му е драго на Западот. Се чини дека населението стои зад него. Дали и олигарсите ќе стојат зад него кога ќе доживеат како нивниот имот почнува да се урива? ЕУ, за жал, пропушти на своите граѓани да им каже дека санкциите и нив ќе ги чинат. Во најлош случај Путин, притиснат до ѕид, би можел да ги намали енергетските испораки на Русија кон Европа.

Чудно е што шефовите на држави или влади им препуштија на нивните неми амбасадори да одлучат. Нема јавни изјави пред камерите, ништо. Во меѓувреме, ЕУ организира вонредни самити за сѐ можно, но не и за овој драстичен политички напад врз Москва. Катастрофална презентација во јавноста. Европската политика полошо и не може да се продаде во јавноста.

Deutsche Welle Bernd Riegert
Бернд Ригерт

Европејците и САД сега повторно се синхронизираа по прашањето за санкциите. ЕУ се приближи до латентно построгиот курс на Белата куќа. Тоа е правилно, оти само обединета заедница можеби ќе го импресионира Путин. Но, секако, тој има и други опции. Тој не е толку изолиран, како што ЕУ можеби посакува. Кина и другите земји во подем, како Бразил, Индија и Јужноафриканската Република (БРИКС) му се умилкуваат на автократниот владетел во Кремљ. Тоа можеше да се види неодамна на самитот на БРИКС. Долгорочно би можело да ѝ успее на Русија, својата енергија да не ја испорачува веќе на Европа и своите машини да ги извезува во Кина.

ЕУ го направи првиот чекор во спиралата со санкици. Тој беше неизбежен. Сега мора да контактира и трети држави за да спречи нејзините санкции да бидат заобиколени преку банките во Азија или Латинска Америка. Цел на ЕУ мора да остане да ја заузда империјалната алчност на Русија, повторно да се смири Украина и да се зачува загрозениот мировен поредок во Европа. Со санкциите ЕУ го извади своето најостро политичко оружје. Сега Русија има избор: ескалација или свртување.