1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Бајден за Блискиот Исток: Решение со две држави е можно

СН/агенции
20 јануари 2024

За првпат по неколку недели, американскиот претседател Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху. Тој ја истакна неговата поддршка за решение со две држави, кое Нетанјаху неодамна го отфрли.

https://p.dw.com/p/4bUT6
Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо БајденФотографија: Matt Rourke/AP/picture alliance

Американскиот претседател Џозеф Бајден и натаму верува во можноста за решение со две држави на Блискиот исток (Израел и самостојна палестинска држава) и ги удвои напорите за спроведување на тој план, изјави синоќа (19 јануари, 2024) портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Според него, во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бајден ја изразил својата визија за „траен мир и безбедност на Израел“ преку решението со двете држави.

„Претседателот и натаму верува во ветувањето и можноста за решение со две држави. Тој признава дека ќе треба многу напорна работа. Ќе биде потребно многу лидерство во регионот, на двете страни“, рече Кирби. 

Нетанхају јасно против палестинска државност

Разговорот следеше еден ден откако Нетанјаху јавно ја отфрли можноста за палестинска државност, велејќи дека Израел мора да ја задржи безбедносната контрола врз Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин НетанјахуФотографија: Ohad Zwigenberg/AFP/Getty Images

„Позицијата на Нетанјаху против палестинската држава нема да ја промени позицијата на Бајден дека најдобро долгорочно решение за регионалната безбедност и за безбедноста на израелскиот народ е слободна, независна палестинска држава“, рече Кирби.

Тој додаде дека разговорите за Појасот Газа по војната ќе продолжат и тоа, како што наведе, не може да се направи без да се земат во предвид стремежите на палестинскиот народ.

Бајден и Нетанјаху разговарале и за тековните напори да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници, коиХамасги киднапираше за време на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година,  изјави Кирби.

Бајден се осврнал и на заштитата на цивилите во Газа

Бајден ја поздрави одлуката на Израел да дозволи испорака на брашно во Газа, изјави Кирби за новинарите на брифингот во Белата куќа.

Двајцата државници, исто така, разговарале за ситуацијата во Газа и за транзицијата на целни операции за да се овозможи зголемен проток на хуманитарна помош, а истовремено да се одржи воен притисок врз Хамас.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?

„Претседателот разговараше за одговорноста на Израел, дури и кога врши воен притисок врз Хамас и неговите лидери, да го намали страдањето на цивилите и да ги заштити невините“, рече Кирби.

Тој уште изјави дека САД го поддржуваат правото на израелската влада да се брани и правото на израелскиот народ да постои како нација, но не одговори на прашањето што е подготвена да направи администрацијата во Вашингтон за да се обиде да го натера Нетанјаху да се усогласи со политиката на САД.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема