1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
УметностГерманија

Германија и го враќа ограбеното богатство на Нигерија

Филип Једике | Розалија Романиец
21 декември 2022

Првите дваесет бронзи од Бенин од германските музеи беа вратени во Нигерија. Овие вредни скулптури свечено ги предаваат шефицата на дипломатијата Аналена Бербок и државниот секретар за култура Клаудија Рот.

https://p.dw.com/p/4LFQM
бронзен предмет
Еден од бронзените предмети се враќа во НигеријаФотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

„Ова е историски ден во кој го враќаме она што никогаш не било наше“, рече државниот секретар Клаудија Рот за време на посетата на главниот град на Нигерија, Абуџа. Таму ќе бидат предадени 20 таканаречени бенински бронзи од пет германски музеи.

„Ова враќање е признание за неправдата од колонијалното минато со кое е присвоено она што е ограбено“, изјави Рот за ДВ. Таа се надева дека на тој начин ќе се затворат раните, бидејќи „со тоа враќаме дел од културниот идентитет што го украдовме“.

Аналена Бербок Клаудија Рот
Клаудија Рот при пристигнувањето во АбуџаФотографија: Annette Riedl/dpa/picture alliance

Рот и министерката за надворешни работи, Аналена Бербок предаваат дваесет парчиња културно богатство од западноафриканската земја. Предметите изработени од бронза, слонова коска и други се меѓу најважните уметнички дела во Африка. Повеќето беа опустошени од британските колонијални господари околу 1897 година.

Дваесет германски музеи имаат вкупно 1.100 предмети земени од палатата на тогашниот крал на Бенин, која се наоѓа во денешна Нигерија. Музеите летово потпишаа дека ќе вратат стотици од овие предмети кои денес вредат десетици милиони евра и имаат непроценлива културна вредност.

На своето патување политичарите ги придружуваат и директорите на неколку музеи од Берлин, Хамбург, Келн... Тие претходно ги пренесоа сопственичките права за уметнички дела, но потпишаа и договори за заем за други, кои ќе продолжат да бидат изложени во германските музеи. .

„Што создадоа нашите предци“

Клаудија Рот со делегацијата ја обиколи уметничката улица на Абуџа, каде нигериските уметници лееа предмети од бронза и месинг. „Одлично“, вели еден од нив, Еван Ајгбе, на веста дека бронзите се враќаат дома. Тој е трета генерација во семејството што излева бронза, но прва што ќе може со свои очи да види „што создале нашите предци“, односно бенинските бронзи.

Абуџа
Посета на уметничката улица во АбуџаФотографија: Rosalia Romaniec/DW

„Денешниот ден ни кажува дека реституцијата стана реалност“, изјави за ДВ Годвин Обасеки, гувернер на регионот. „Денес е многу значаен, бидејќи покажува дека Германците навистина го исполнуваат тоа што го најавија.

Во Нигерија поради бронзата треба да се изгради модерен музеј. Како што вели Клаудија Рот, враќањето на уметничките дела е „предуслов за нас да зборуваме овде и сега за модерната уметност, за музејската соработка и да правиме заеднички планови да помогнеме да се создаде модерен кампус овде, да се поддржи археолошката работа, со други зборови, да создадете заедничка иднина“.

Нигерија
Бронзената изработка има долга традиција во НигеријаФотографија: Rosalia Romaniec/DW

Германија треба финансиски, професионално да го поддржи новиот музеј, како и да ги поддржи заедничките археолошки ископувања. „Мислам дека сме на добар пат да им помогнеме на овие бронзи повторно да ја најдат својата татковина“, рече Рот. Ова, додаде таа, е почеток на нова врска меѓу „Германија и Нигерија и Европа и Африка“.