1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСеверна Кореја

Ким Јонг Ун слави Нова година со ученици

2 јануари 2024

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на прослава на Новата година со ученици во Пјонгјанг.

https://p.dw.com/p/4amc2
Северна Кореја Ким Јонг Унг ученици
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Унг слави Нова година со ученициФотографија: KCNA/REUTERS

Во сив костум среде море од живи бои: севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун го помина први јануари во друштво на ученици во Пјонгјанг. Претходната вечер, како што јави севернокорејската новинска агенција КЦНА, тој Новата година ја чекаше додека гледаше настапи на лизгачи, акробати и хорови.