1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеПакистан

Густ смог во Индија и Пакистан

16 ноември 2023

Изгледа речиси романтично: силуета на работник во Лахоре, опкружен од прашина, во заднината изгрева сонцето. Но, зимскиот смог всушност е сериозен проблем.

https://p.dw.com/p/4YrKF
BdTD Pakistan | Smog in Lahore
Фотографија: Arif Ali/AFP/Getty Images

Во доцна есен бројни градови во Индија и во Пакистан се обвиени од смог, како што е пакистанската милионска метропола Лахоре на оваа фотографија. Силуетата на работник пред изгревот на сонцето можеби на прв поглед изгледа привлечно, но за луѓето кои живеат таму, смогот е огромен здравствен проблем.