1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Наука

Tехнологија за вселената наоѓа примена на земјата

Храна за астронаути направена од инсекти и како настанала вселената? Ова беа темите на кои минатата недела дискутираа повеќе од 3.000 научници од 57 нациии на меѓународниот конгрес за вселенски летови во Бремен.

Во вселената има голем потенцијал за иновативни идеи

На конгресот беа прикажани и резултатите од истражувачкиот центар во Оберфафенхофен кај Минхен. Имено, таму 40 фирми вршеа вкупно четири години истражувања и експерименти за тоа како најновата технологија од вселената да најде примена на земјата и да биде од корист за луѓето. Во вселената има голем потенцијал за иновативни идеи. За оваа цел Европската агенција за вселенски летови (ЕСА), Германскиот центар за воздушни и вселенски летови, покраината Баварија и банката Шпаркасе од Штарнберг направија специјална програма, која ќе трае до 2013 и има за цел да поттикнува фирми кои сакаат да реализираат интересни идеи. Во 2009 година беше отворен и т.н. „Бизнис инкјубејшн центар“ или накратко БИК.

Џастин e прототип на робот од вселената. Тој може да сервира кафе и многу други нешта. За неговите способности тој му е благодарен на еден комплексен компјутерски програм, што беше развиен специјално за него. Јоханес Герл од фирмата „Моделон“ овие програми сака да ги прилагоди за производителите на автомобили. Блискиот контакт со лабораторијата за роботика на основачот на фирмата, Герл му дава многу значајни предлози и сугестии, бидејќи роботот Џастин учи многу брзо.

Иднината е во електромобилноста

Роботот Џастин сервира кафе

Главна цел за Јоханес Герл е електромобилноста. Тој, имено овде ја гледа иднината на пазарот. Од вселенскиот софтвер тој развива програми, кои го симулираат движењето на автомобилите или пак, јачината на акумулаторите. Големите автомобилски концерни веќе работат со ова. Иноваторите, кои работат во истражувачкиот центар имаат две години време комплетно да го подготват нивниот производ за пазарот. За идејата Јоханес Герл доби 60.000 евра финансиска поддршка: „Од една страна овде имаме многу добра можност, без поголеми инвестиции да отвориме канцеларија. Имаме и секретаријат, што се грижи за телефонските повици кога ние не сма тука. За почеток ја имаме основната опрема, која инаку би врзувала големи инвестициски средства“, вели Герл.

Оној, кој сака да добие место во центарот за истражување мора да помине низ контрола кај два експертски гремиуми, освен тоа фирмата треба да презентира и сопствен производ. Само идеи не се доволни. Во моментов во центарот работат и се поддржуваат десет фирми. Наскоро треба на овие да им се приклучат уште четири: „Ние држиме семинари во одредени рамки. Притоа го контролираме финансискиот план на фирмите итн. и им кажуваме што може уште да се подобри. Работиме по принципот: побарајте помош и ние ќе ви помогнеме“, објаснува Кристин Фремел, проект менаџер во центарот БИК.

Иновативните решенија треба да им бидат од корист на луѓето

Европскиот навигациски ситем, што се наоѓа во вселената

Фирмата на Роси Кригер развива сензори за ориентација. Тој и неговите колеги во моментов прават реклама за обиколка на Алпите со велосипед. Со сензорите тие можат да го следат секој учесник и каде се наоаѓа, сето во реално време, без одложување. Сензорите работат со помош на системот ЏиПиЕс. Но, наскоро тие ќе можат да ги користат и сигналите на Европскиот навигациски сателит. Ваквиот сензор ќе најде примена пред се’ кај спортистите, кои сакаат самите да го набљудуваат нивниот тренинг.

Кон крајот на годинава производот ќе се појави за првпат на пазарот. За сега во оптек се првите прототипови. Но, веќе сега побарувачката е многу голема, така што на фирмата и беше потребно дури засилување. Фирмата на Роси Кригер за сега само ги изнајмува сензорите и со тоа заработува токлу колку да може да ги плати новите соработници. Но, производот наскоро ќе почне да се продава и заработувачката тогаш ќе биде многу поголема.

Автор: Корнелија Борман/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска

Повеќе од оваа рубрика