1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Невработените не се мрзливи, или...?

Тоа е субјективен впечаток. Според бројките на Сојузната агенција за вработување, квотата на злоупотреба на паричната помош не достигнува ниту два процента, а колку се стари „Харц 4“ -измамниците не е познато. Но, токму на овие млади луѓе мисли шефот на либералите Вестервеле кога бара да работи секој што може да работи. Притоа, и сега, може да му се скрати помошта за невработени на секого што ќе одбие понудена работа.

За свештеникот Франц Мојрер, постојаните барања за вршење поголем притисок врз невработените не соодветствуваат на реалноста. Мојрер организира работа за примателите на „Харц 4“ и се грижи за тие луѓе: „Секој сака да работи, не треба на тоа да биде принудуван. Овде има многу приматели на ’Харц 4’ кои работат и по завршувањето на платената работа - тоа го прават добороволно. Зошто? Затоа што се личности кои потоа припаѓаат на клубот, кои се ценети.“

Kвотата на злоупотреба на паричната помош не достигнува ниту два процента

Дел од функционирањето на клубот е, на пример, заедничкиот појадок или излети со членовите на црковната општина. Затоа во работилницата зад црквата луѓето добиваат многу повеќе од неколкуте евра за градинарската работа - тие можат повторно да учествуваат во општествениот живот. Затоа Мојрер од политиката не очекува ништо - ни нови закони кои ќе го зголемат притисокот врз младите невработени, ниту повеќе пари. Граѓаните мора многу повеќе самите да си помогнат: „На младите мора да им се понуди поинаква динамика. Тоа е групен процес и сето тоа не може да се реши одозгора, само со политички одлуки. Мора да се види што е можно да се прави на лице место со луѓето што се ангажираат.“

Автор: Манфред Гецке / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска