1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Критиката треба сериозно да се сфати

Со Болоњски процес ЕУ има намера да создаде интегриран и конкурентен високо-образовен систем. За постигнатото и слабостите на процесот дебатираа министрите за образование и наука на 46-те земји учеснички во процесот.

Студенски протести против Болоњскиот процес

Еднакви дипломи ширум Европа, еднакви по тежина наставни планови и поголема мобилност за студентите во Европа: тоа беа најважните цели на Болоњската декларација од 1999 година. Десет години подоцна може да се заклучи дека претстои уште многу работа до целосно реализирање на целта, но постои и причина за славје - резимираше на крајот на дводневната конференција, во Виена домаќинот Беатрикс Карл. „Основниот тон на оваа конференција беше дека Болоња претставува мноштво од шанси за нашите студенти. Мноштво од шанси затоа што усогласените наставни планови и оценување на постигнувањата на студентите, како и на академските дипломи водат кон зголемена мобилност на кадрите и поголема интернационалност.“

Студентите да бидат повеќе вклучени во процесот

Министерката Шаван

Германската министерка за образование Анете Шаван сепак гледа помалку причина за задоволство со постигнатото. Особено важно од нејзин аспект е што на конференцијата во Виена беше заклучено, во иднина студентите повеќе да бидат вклучени во Болоњскиот процес. „Мислам дека една од најважните реченици во завршниот документ е реченицата: ќе ја слушнеме критиката и сериозно ќе ја сфатиме.“

Она што постојано се нагласува како предност на Болоњскиот процес, можноста полесно да се менуваат факултетите, досега речиси и да не се користи. А германската министерка укажува и дека наставните планови се преполнети, а некои професори и натаму суетни и мислат дека нивните предавања се најдобри.

Студентите не смеат да се откажуваат од студиите поради финансиски проблеми

Пред десет години во Болоња министрите дадоа ветување дека ќе сторат повеќе и за студентите кои доаѓаат од средини со пониско ниво на образование. Ветување кое не е исполнето, опоменува претседателката на Европската унија на студенти Лигија Дека. Напротив, со Болоња се влоши животната ситуација на студентите. Европа не може да си дозволи, младата генерација да се откажува од студирање од финансиски причини. Затоа претставничката на студентите им порача на министрите: „Исполнете го вашето ветување за социјалната димензија на реформата, ние ќе ве следиме што правите.“

Наредната конференција за Болоњскиот процес ќе се одржи за две години во Букурешт.

Автор: Јерг Пас/Александра Трајковска

Повеќе од оваа рубрика