1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Лавина нови случаи на сексуална злоупотреба на деца

Аферата со сексуална злоупотреба на малолетници во Германија добива се’ пошироки размери. И додека од ден на ден на виделина излегуваат нови случаи, меѓу политичарите се разгоре дебата околу роковите за застарување.

Сексуална злоупотреба на деца под закрила на црквата

Редицата нови случаи никако да добие некаков крај: елитниот интернат во Оденвалд, детскиот хор „Регенсбургер домшпацен“, Едукон во Дизелдорф и сега можните случаи и во хорот „Лимбургер зингкнабен“... Според германските медиуми, поранешнот диригент на младинскиот хор од Лимбург се товари за сексуална злоупотреба на еден член на хорот. Бискупот од Лимбург, Франц Петер Тебарц ван Елст се обрати до јавноста и повика да се јават сите можни жртви. Според управата на бискупијата, навистина пристигаат нови пријави.

Во Дизелдорф, пак, Јавното обвинителство поведе постапка против 17 поранешни соработници на едно училиште за хендикепирани деца, кое било под надлежност на организацијата „Едукон“.

Министерката за правда Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер

Од минатото лето против нив се води постапка за малтретирање на штитениците, нивно лишување од слобода и принуда. Во полза на обвинувањата зборуваат и бројните видео снимки, направени за внатрешна анализа на третманот на хендикепираните.

Во меѓувреме, раководителката на елитниот интернат во Оденвалд, Маргарита Кауфман се извини пред новинарите: „Денеска испратив писмо до нашите поранешни ученици во генерациите од 1970 до 1985, во кое им се извинувам на сите од името на училиштето и сакам овде пред медиумите тоа уште еднаш да го повторам.“

Застарување на случаите

На политичката сцена паралелно се разгорува дебата околу застарувањето на ваквите деликти. Кривичниот закон во Германија пропишува застарување на случаите по 10, односно 20 години од полнолетноста на жртвата, зависно од тежината на сексуалната злоупотреба. Што се однесува до граѓанската постапка за обештетување, тука важат покуси рокови. Веќе по три години од моментот на осознавањето на злоделото тоа може да застари.

Директорката на училиштето во Оденвалд, Маргарита Кауфман

На повикот на дел од политичарите за продолжување на роковите за застарување, министерката за правда, Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер порача: „Продолжувањето на роковите за застарување нема ништо да им донесе на оние жртви, чии страдања веќе се застарени, бидејќи не е можно продолжување на роковите за дела од минатото...“

Тркалезна маса

Во меѓувреме, министерката за семејни прашања Кристина Шредер свика прва средба на „тркалезната маса“ за расветлување на сите видови и случаи на сексуална злоупотреба на малолетници за 23 април. На неа треба да учествуваат раководители на училишни установи, интернати, црковни организации, како и претставници на покраинските и општинските власти. Прва задача на ова тело ќе биде да дефинира каков вид на помош им е најнеопходен на жртвите на сексуална злоупотреба, како и што треба да се смени за вакви случаи да не се повторат.

Автор: Марион Линенбринк / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Повеќе од оваа рубрика