Кои се луѓето што носат долги бради, скратени панталони, кои се клањаат поинаку од „традиционалните“ муслимани? Кои се луѓето кои сметаат дека единствено е исправен начинот на којшто тие го гледаат исламот?
Сабин Смајловиќ пред семејната куќа со традиционалниот повик ги известува соседите дека е време за една од петте дневни молитви - акшам. Во куќата е неговата сопруга која немам прилика да ја видам и двата сина - Харис и Имад. „Живееме и се однесуваме во духот на исламот“, го објаснува Сабин својот животен пат.
„Пред себе имаш човек што до 1995 година не знаеше ништо за исламот, зашто системот беше таков. Во меѓувреме, кога ја дознав вистината, почнав да се однесувам согласно со тоа“, вели тој смирено. „Ако има некого што сум го навредил, ако ваквиот вид на ислам некому му направил зло...“, подзастанува Сабин и додава: „Секогаш е во прашање човекот што направил штета. За тоа не треба да се обвинува исламот.“
„Зарем на Запад постои некој друг господ?“
Во селото Доња Лохиња кај Грачаница неколку семејства живеат според строго исламски прописи. Ни‘ се придружува Сенад Алиќ. Неговата приказна е слична како онаа на Сабин: „Со доаѓањето на одделни луѓе на просторите на Босна и Херцеговина во текот на војната, ја спознав вистинската вера која ми се допадна - исламот.
Сабин Смајловиќ повикува на молитва
Без алкохол, дрога, без пороци - живеам во убави соседски односи, имам убав и здрав живот со молитва, учење на Коранот. И денес живеам на овој начин“, вели тоа помагајќи му на Сабин во служењето кафе.
Давор Марко е автор на книгата „Зарем на Запад постои некој друг господ?“ Тој го истражува феноменот на вахабистите, кои всушност не се викаат така.
„Тоа се селефии, следбеници на т.н. чист ислам, а вахабистите се колоквијален назив според основачот Абдул Вехаб. Ги има во сите земји на Западен Балкан“, вели публицистот кој го следи третманот на селефиите во медиумите во БиХ.
„Известувањето во медиумите има речиси секогаш негативна конотација. Од друга страна, она што им се забележува на селефиите не е нивната милитантност, туку еден вид насилна аргументација која тие ја користат од самиот почеток. Имено, тие доктринарно сметаат дека начинот на којшто тие гледаат на исламот и начинот на којшто тие го проповедаат исламот е единствено исправен“, вели Марко.
Селефиите следат една, ИВЗ во БиХ следи друга школа
Во БиХ е доминантна ханефиската правна школа, или месхеб, додека селефизмот се заснова врз теолошки радикална интерпретација на друга школа - ханбелиската.
Екрем Туцаковиќ, шеф на службата за односи со јавност на
Сабин и Сенад: „Тој што прави зулум е човекот, а не исламот“
Ријасетот на Исламската верска заедница во БиХ вели дека „Исламската заедница во повеќе наврати ја разгледувала оваа проблематика и инсистирала на примена на традицијата, на нашето искуство, на искуството на воспитно-образовни установи и институционално организирање на водството и одговорноста за исламот и за муслиманите на овој простор“.
Селефиите размислуваат поинаку. „Исламската заедница има една грешка. Таа се обидува да биде монолитна, не пружајќи никаков плурализам во сопствената заедница. Самиот ислам, пак, е отворен, тоа е куќа со четири страни“, го објаснува сликовито Сабин несогласувањето со институционалното толкување на верата од страна на Исламската заедница.
На наредната страница: Непознавањето сее страв