Академијата на Дојче веле во соработка со Универзитетот во Бон и високошколскиот центар Бон-Рајн Зиг нудат единствена можност за практично и теоретско студирање во областа на медиумите.
На Академијата на Дојче веле студентите имаат можност да се стекнат со потребните знаења за новинарската професија - како да се дојде до информации, да се воспостави комуникација и сл.
Постдипломските (мастер) студии се можност за доусовршување, подготовка за идните професионални предизвици и преземање на одговорни и водечки функции во медиумите.
Главна карактеристика на студиите на Академијата на Дојче веле се интердисциплинарност, интернационалност и транспарентна структура на студирање. Фокусот на постдипломските студии е во спојот меѓу комуниколошките, социолошките, педагошките и економските науки.
Потребни предквалификации за мастер студиите се успешно завршени студии (факултетска диплома) и најмалку едногодишно новинарско искуство.
Со оглед дека предавањата на мастер студиите се одвиваат на германски и на англиски јазик, потребен е доказ и за познавање на овие два јазика.
Притоа, се признаваат само дипломи на реномираните институции кои нудат тестови за познавање на јазици, како на пример Гете институтот (Goethe Institut) или Британскиот совет (Britisch Council).
На крајот на студиите се добива диплома Master of Arts. Студирањето трае 18 месеци (четири семестри). Рокот за пријавување за зимскиот семестар 2010/2011е во тек и трае до 30 април 2010 година.
Автор: ДВ
Прочуениот меѓународен филмски фестивал во германската престолнина годинава се оддржува по 62-ри пат од 9-ти до 19-ти февруари.