1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ-стоп за илегалците од Турција

Во ЕУ во иднина нема да може лесно да доаѓаат илегални доселеници од Турција. За оваа цел Унијата потпиша договор со Турција.

Заедничка соработка со земјата-кандидат

ЕУ и Турција сакаат поинтензиво да соработуваат во совладувањето на проблемите со илегалното доселување. За оваа цел ќе почнат разговори за повторно воведување на договорот за илегални доселеници од Турција, соопштија шведското претседателство и Европската комисија неодамна во Брисел. Со ова наскоро ќе стапи во сила договорот за кооперација, на експертско ниво, договорен со европската погранична служба Фронтекс. Освен тоа, во иднина треба да се одржува редовен дијалог меѓу службениците за азил, миграции и визен режим од двете страни.

Соработка и комуникација за успешна работа

Шефовите на држави и влади од ЕУ неодамна ја повикаа Европската комисија поинтензивно да соработува со земјите како Либија и Турција. Повод за ова е големиот број илегални доселеници кои доаѓаат од овие две земји во земјите на ЕУ.

ЕУ на Турција и‘ понуди техничка и финансиска помош во совладувањето на илегалното доселување и трговијата со луѓе. Ова исто важи и за обновата на граничните контроли и помош за барателите на азил и бегалците. Во минатото пред се’ Грција се жалеше поради слабата соработка со Турција околу азилот и миграцијата.

Автор: БОМ/ГЧ/кна

Редактор: Жана Ацеска

Повеќе од оваа рубрика