1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските производи добија „пасош“

АМ/миа13 јуни 2012

Македонските производи и услуги акредитирани од Институт за акредитација на Македонија можат слободно, без дополнителни технички барања, да се најдат на европските пазари. Тие добија „пасош за безвизен режим“.

https://p.dw.com/p/15DCk
Фотографија: Petr Stojanovski

Ова го овозможува потпишаните договори на македонскиот Институт за акредитација со Европската организација за акредитација и Меѓународна организација за акредитација на лаборатории. Процесот кој траеше четири години, заврши со пасош за трговија, или како што бизнис заедницата го нарекува „безвизен режим“ за нивните производи. Информацијата ја потврди директорот на Институтот за акредитација на Македонија Трпе Ристоски, на денешното одбележување на Светскиот ден на акредитацијата под мотото „Поддршка за безбедна храна и чиста вода за пиење“.

Квалитетот на македонските производи и услуги е потврден со оваа акредитација, истакна државниот секретар во Министерството за екномија Анче Трифунов.

Mazedonien Land und Leute neu
Бизнисмените сметаат дека нивните производи добиле пасош за безвизен режим, бидејќи сега ќе можат да ги извезуваат без технички проблемиФотографија: Petr Stojanovski

„Ако акредитацијата е синоним за доверба, квалитет и сигурност, ние во Македонија имаме квалитет, кој го испорачуваме и надвор од нашите граници, а сега веќе и без технички“, рече Трифунов.

Според Томас Факлон, претставник од Европската организација за акредитација, ова е силна порака за поттик на пазарот, а производите и услугите ќе бидат прифатени секаде. Ова значи осигурување на производите со квалитетот, а со тоа се штитат и потрошувачите, истакна Факлон, кој додаде дека нареден чекор е да се стане дел на Меѓународниот форум за акредитација.