1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја победи Португалија

Кале Копс / Елизабета Милошевска Фиданоска10 јуни 2012

Германската репрезентација успешно стартуваше на УЕФА ЕУРО 2012. Натпреварот против Португалија во Л‘вов заврши со 1:0. Играта не беше блескава, но победата е она што се брои.

https://p.dw.com/p/15BXY
Фотографија: dapd

Марио Гомез на фудбалска Германија и‘ даруваше оптимален старт на Европското фудбалско првенство. Пред 30.000 гледачи на стадионот во Л‘вов е постигната првата победа на првенството, но на нејзе мораше да се работи напорно. Пред крајот на натпреварот, во 73. минута, Гомез ја донесе одлуката. Стрелецот му се заблагодари дури и на селекторот Јоахим Лев: „Многу сум среќен што тренерот денеска ми даде доверба. Од почетокот имав добро чувство, од првиот ден откако сме овде. Вака вратив дел од укажаната доверба.“

EURO 2012 Fußball Deutschland Portugal Gruppe B
Марио Гомез го усреќи големото германско фудбалско семејствоФотографија: Reuters

Сојузниот тренер со составот на тимот направи се‘ како што треба. Во одбраната наместо Пер Мертезакер играше Матс Хумелс, а во нападот од почеток играше Гомез, а не Мирослав Клозе. Лев останува скромен: „Многу сум задоволен од постигнатото, затоа што во првиот натпревар, кој секогаш како што е познато е тежок, игравме многу добро тактички. Победивме со 1:0 и тоа е најважно.“

Клучна улога имаше одбранбениот играч Жером Боатенг, кој извонредно се покажа против португалската ѕвезда Кристијано Роналдо. По натпреварот Боатенг изјави: „Мислам дека супер одигравме како екипа. Роналдо не можете да го исклучите во текот на сите 90 минути, но добро се снајдовме. Мислам дека два или три пати шутна кон голот, но инаку добро игравме во одбрана. Целата екипа добро функционираше и во нападот и во одбраната.“

Berlin Public Viewing Euro 2012
Еуфоријата на навивачите не само на стадионот во Л‘вов беше огромна - фото: паблик вјуинг во БерлинФотографија: AP

Колку победата над Португалија е навистина вредна ќе се покаже веќе во среда (13.06). Тогаш Германија во Харков игра против Холандија, која вчера, на изненадување на целата фудбалска јавност, загуби од Данска со 0:1.