1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спорт

Меси на „Бај Арена“, Тричковски во Лион

По двомесечна пауза, вечерва (14.02) продолжуваат натпреварите во елитното фудбалско натпреварување, Лига на шампиони. Дербито се игра во Леверкузен.

Вечерва на програмата се првите осминафинални натпревари. Дербито се игра во Леверкузен, каде европскиот првак Барселона му гостува на Бајер. Двата тима во мечот влегуваат по поразите во домашните првенства на викендот.

Леверкузен загуби на гостувањето кај шампионот Дортмунд со 1:0, и речиси се збогува со шансите да го повтори високиот пласман од минатата сезона, кога заврши на второто место и обезбеди директно учество во Лигата на шампионите.

Барселона, пак, е во незавидна позиција во однос на големиот ривал во шпанската „примера“. По саботниот пораз од Осасуна, каталонците заостануваат цели десет бода зад Реал Мадрид и имаат мали шанси да ја одбранат титулата.

Кај Леверкузен, извесно е дека ќе недостасува искусниот Михаел Балак, кој се повреди на неделниот тренинг, но и без тоа не беше во првотимските планови на тренерот Робин Дут. Многу позначајно можат да се одразат повредите на Сидни Сем и Ерен Дердиок.

Иван Тричковски во дресот на македонската репрезентација

Барселона веќе подолго време е без повредените Ибрахим Афелај и Давид Виља. Се очекува настап на Серхио Бускец, кој ја санирал повредата.

Во вториот вечерашен дуел се очекува настап на еден од двајцата македонски репрезентативци чии клубови обезбедија пласман во осминафиналната фаза. Иван Тричковски со кипарскиот АПОЕЛ во првиот меч му гостува на францускиот Олимпик Лион.

АПОЕЛ е најпријатното изненадување оваа сезона во Лигата на шампиони. Кипарскиот шампион, до пласманот меѓу најдобрите 16 екипи, дојде откако го освои првото место во групата, во која беа Зенит, Порто и Шахтјор. Тричковски, кој е незаменлив член на стартните 11, на српскиот стратег Иван Јовановиќ, во првата фаза ги одигра сите шест натпревари, во кои постигна еден гол.

Автор: БГ/уефа/макфакс

Редактор: Е.М. Фиданоска

Слушајте Дојче веле

Фудбал

Ein Exemplar des Bundesliga-Spielballs "Torfabrik" landet am Montag (16.05.11) waehrend einer Praesentations des Balles durch die Deutsche Fussball Liga (DFL) in Dortmund in dem Netz eines Tores. Der Spielball des Herstellers adidas wird bis zum Ende der Spielzeit 2013/2014 bei den Spielen der Ersten und Zweiten Bundesliga verwendet werden.
Foto: Roberto Pfeil/dapd.

Извештаи, резултати, табели ... Најновите информации од германската фудбалска лига со еден клик