1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атак против АКТА во европските градови

11 февруари 2012

Во околу 60 европски градови критичарите на АКТА предупредуваат од ограничување на слободата на интернетот. Стопанството во договорот гледа делотворен механизам против пиратеријата.

https://p.dw.com/p/141zn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во голем број германски и европски градови корисниците на интернет протестираа против АКТА договорот со кој на меѓународно ниво се регулираат авторските права. Во Берлин и во Келн денеска на протести излегоа околу 2.000 противници. Во главниот град на Бугарија, Софија, пред зградата на парламентот се собраа околу 300 противници. Организаторите на протестите во Германија очекуваат повеќе десетици илјади луѓе во 60 градови. Меѓународниот координатор на акцијата „Стоп АКТА“ Себастијан Ратке очекува од 150.000 до 200.000 учесници на протестите ширум светот.  

АКТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) мултилатералниот договор за регулирање на авторксите права и пиратеријата на инцијатива на САД и Јапонија беше потпишан од ЕУ, како и од 22 од 27 земји членки на Унијата. Со него се регулира покрај другото „спроведување на правата за интелектуална сопственост во дигиталниот простор“. Договорот предвидува еден интернет провајдер да дозволи пристап, на пример, до IP-адреси за да се овозможи идентификување на личности во случај на повреда на авторските права. 

Anti-Acta-Demonstration in Berlin
Анти АКТА демонстрации во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa

Прочитајте повеќе: По битката со американските закони СОПА и ПИПА, интернет корисниците наидуваат на нова пречка, наречена АКТА

Критичарите сметаат дека АКТА договорот значи ограничување на слободите на интернетот. Германија засега нема да го потпише овој договор. Министерката за правда Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер има задршки во однос на договорот, соопшти нејзин портпарол. Противниците на спорниот договор во Германија, меѓу нив и Партијата на Зелените, Партијата на Левицата и Партијата на пиратите ја поздравија одлуката. Критика стигна од Германскиот сојуз на индустријата.

Автор: АТ/ АМ/ дпа/ дапд

Редактор: Александар Методијев