
Босанскиот парламент денеска (10.02) ја изгласа новата федерална влада и со тоа стави крај на 16-месечната политичка блокада во земјата.
Новиот кабинет ќе го предводи економистот Вјекослав Беванда, а ќе има девет министерства, поделени меѓу шест партии - две на босанските Срби, две на босанските Хрвати, како и муслиманската СДА и мултиетничките социјалдемократи.
„За“ изборот на новиот Совет на министри на БиХ, предводен од Вјекослав Беванда од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) гласаа 26 пратеници, седуммина беа „против“, а еден се воздржа од гласање.
Зградата на парламентот во Сараево
Беванда за премиер на БиХ беше избран на 12 јануари, по што ги започна консултациите за состав на владата. При денешната презентација на владината програма 55-годишниот Беванда изјави дека приоритети на неговата Влада ќе бидат возобовувањето на процесот на приближување на БиХ кон ЕУ и економско опоравување на земјата.
16-месечната политичка криза во БиХ започна по парламентарните избори одржани во октомври 2010 година.
Автор: ЕМФ/СН/афп/миа
Редактор: С.Недевски
Како се распаѓаше Социјалистичка Федеративна Република Југославија и кои се актерите во процесот на распадот? Од каде и како почна се‘ и што следуваше?