1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спорт

Дортмунд -најголем добитник на колото

Борусија Дортмунд беше единствен тим од водечката четворка во Бундеслигата кој славеше победа во 20. коло. Фудбалската јавност во Германија е преокупирана од случајот Балак.

Актуелниот шампион во првата фудбалска лига во Германија повторно ја превзема улогата на фаворит и има предност во четворобојот за титулата. „Ние не се знимаваме со тоа“ изјави тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп по победата од 2:0 на гостувањето во Нирнберг. следејќи ја стратегијата од минатата година, кога тој и неговите играчи не говореа за шампионските амбиции се’ до самиот крај на сезоната, иако „црно-жолтите“ доминираа во цел нејзин тек.

Бајерн Минхен под притисок

Ова е само вторпат сезонава бранителот на титулата да го преземе водстовото на табелата оставајќи ги во моментов зад себе Бајерн Минхен, Шалке 04 и Борусија Менхенгладбах, кои освоија само по еден бод.

Момент од дуелот Хамбургер-Бајерн

„Ова не е оптимален старт во вториот дел од сезоната. Сега сме под притисок и тоа говори се’“, изјави спортскиот директор на Бајерн, Кристијан Нерлингер по мечот во Хамбург против домашната екипа кој заврши со 1:1 и го остави Бајерн со два поени заостанување зад Дортмунд.

По пет последователни победи и третопласираниот тим на Шалке успеа да игра само 1:1 на домашен терен против Мајнц, каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески, кој одигра солидна партија. И изненадувањето на сезоната Борусија од Менхенгладбах одигра само 0:0 на гостувањето во Волфсбург и со 40 бодови се цврсто стои на 4. место на табелата.

Драмата околу Балак продолжува

Во тоа помогнаа и нерешените резултати на средбите на кандидатите за висок пласман Бајер Леверкузен и Вердер Бремен чии натпревари против Штудгарт и

Михаел Балак втор натпревар по ред цели 90 минути на клупата за резерви

Фрајбург во саботата односно неделата завршија со идентични 2:2. Во Леверкузен продолжи драмата околу долги години најголемата ѕвезда на германскиот фудбал Михаел Балак. 35- годишниот фудбалер на Леверкузен по кавгите со тренерот Робин Дут и со раководството на клубот, повторно одседи цели 90 минути на клупата за резервни играчи. Германските медиуми во чекор ги следат случувањата околу поранешниот капитен на репрезентацијата кој претходно ги растури односите и со сојузниот селектор Јоаким Лев.

2:2 заврши и мечот меѓу Хофенхајм и „новајлијата“ Аугсбург. Во преостанатите 2 натпревари од 20. коло во Бундеслигата, гостинските екипи славеа минимални победи од 1:0. Келн по цели 22 години успеа да извојува победа на стадионот на Кајзерслаутерн- „Беценберг“, а Хановер и го нанесе на Херта од Берлин третиот пораз во третото пролетно коло.

Автор: Симе Недевски/ БГ/дпа/сид

Редактор: Борис Георгиевски

Слушајте Дојче веле

Фудбал

Ein Exemplar des Bundesliga-Spielballs "Torfabrik" landet am Montag (16.05.11) waehrend einer Praesentations des Balles durch die Deutsche Fussball Liga (DFL) in Dortmund in dem Netz eines Tores. Der Spielball des Herstellers adidas wird bis zum Ende der Spielzeit 2013/2014 bei den Spielen der Ersten und Zweiten Bundesliga verwendet werden.
Foto: Roberto Pfeil/dapd.

Извештаи, резултати, табели ... Најновите информации од германската фудбалска лига со еден клик