1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
  • Задолжително за едриличари и нуркачи

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Задолжително за едриличари и нуркачи

    „Кренете го сидрото“ - во Диселдорф почна најголемиот светски саем за спортови на вода. Има повеќе од 1.600 излагачи од 60 земји. Се прикажува најновото во и околу спортовите на вода - екстра лесна нуркачка облека, штици за сурфање кои го „сечат“ ветрот или нови радари за едрење. Има се‘ за најновите трендови во браншата.

  • Чист луксуз

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Чист луксуз

    Особено омилена кај посетителите е халата број 6. Овде се презентираат луксузните јахти. Дури и наједноставните модели чинат повеќе милиони евра. Но, и оваа бранша ја чувствува финансиската криза. Затоа годинава се прикажува многу помал избор на модели.

  • Комфорт

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Комфорт

    Поглед во внатрешноста на "Princess V78“: Со ваква кујна био се радувале сите хоби-готвачи. Јахтата чини 2,7 милиони евра - поволна понуда во споредба со моделот "Eclipse", на пример, која чини околу 800 милиони евра и не ја собира во речиси ниедно пристаниште.

  • Сообраќајни пречки

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Сообраќајни пречки

    Пред почетокот на саемот "Boot", во Диселдорф со денови има сообраќајни турканици и колони. Транспортот на големите бродови, како овој на холандскиот "Pobeda", е логистички предизвик. Она што се прикажува на саемот почнува да се транспортира цел месец пред почетокот на манифестацијата. Само така се’ може да биде навреме на свое место.

  • Спортско уживање

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Спортско уживање

    И љубителите на спортските бродови и кајаци во Диселдорф имаат што да видат. Овој „Катамаран“ има брзина од 40 јазли. Уште старите Римјани ги ценеле катамараните и со нив дури оделе и во војна.

  • Педалинки за мрзливи

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Педалинки за мрзливи

    Диселдорфската хард-рок легенда Доро Пеш на саемот испробува нова педалинка. Кога ќе и‘ снема здив, притиска на копче и педалинката се движи и натаму. Моделот "Sea Scape" има вграден мотор. Тој е на електричен погон и со тоа е дури и поволен за заштита на околината.

  • Само нурни!

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Само нурни!

    За нуркачкиот спорт се резервирани дури две саемски хали. Посетителите можат да ги тестираат апаратите за кислород и нуркачката облека во два големи базени. Почетниците имаат можност за први искуства, но пред со новата опрема да се нурнат во морето, сепак, мора да имаат дозвола за нуркање.

  • Поло на штици за сурфање

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Поло на штици за сурфање

    Ова е нов тренд во спортот - се стои на штица за сурфање, а движењето е со помош на весло. Поло се игра така што малата топка треба што побрзо да се најде во противничкиот гол.

  • Топ тема - безбедност

    Најголем светски саем за спортови на вода

    Топ тема - безбедност

    Трагичната несреќа на бродот „Коста Конкордија“ е голема тема на саемот. Секоја форма на воден спорт носи со себе и опасности, од кои најдобра заштита е - добра опрема за сигурност на вода. Тоа важи и за миленичињата на четири нозе!

  • Жежудо во Јужна Кореја

    Седумте светски чуда на природата

    Жежудо во Јужна Кореја

    Јужно од Кореја се наоѓа суптропскиот вулкански остров Жежудо. Во вулканот кој е изгаснат со години, се создало кратерско езеро, кое е центар на Националниот парк. Од неодамна островот се вбројува во седумте нови светски чуда, избрани на иницијатива на New7Wonders.

  • Амазон

    Седумте светски чуда на природата

    Амазон

    Реката со најмногу вода се наоѓа во Јужна Америка. Амазон има повеќе вода од седумте нејзини најблиски реки. И Амазон е избран за едно од седумте нови светски природни чуда, за кои гласаа повеќе од 100 милиони луѓе во светот.

  • Заливот Халонг во Виетнам

    Седумте светски чуда на природата

    Заливот Халонг во Виетнам

    Во заливот Халонг, од морето се издигаат речиси 2000, главно ненаселени карпи. Заливот од 1994 година е на листата на УНЕСКО на светско културно наследство. УНЕСКО се дистанцира јасно од кампањата New7Wonders, затоа што таа не ги претставува сите луѓе на Земјата, туку само оние со пристап до интернет.

  • Игуасу во Јужна Америка

    Седумте светски чуда на природата

    Игуасу во Јужна Америка

    Водопадите Игуасу се долги речиси три километри.
    За да се зачува природното богатство, основани се два Национални парка. И New7Wonders во седумте основни принципи на својата повелба има зацртано - заштита на природата.

  • Островот Комодо во Индонезија

    Седумте светски чуда на природата

    Островот Комодо во Индонезија

    Индонезискиот остров Комодо е познат пред се‘ по своите Комодо змејови (најголеми живи гуштери). Тие може да достигнат должина од три метри и тежина од седумдесет килограми. Но, островот Комодо е дел од седумте чуда не само поради гуштерите, туку и поради разновидната флора и фауна.

  • Подземната река на Пуерто Принцеса

    Седумте светски чуда на природата

    Подземната река на Пуерто Принцеса

    На Филипини се наоѓа најдолгата подземна река на светот. Таа е долга седум километри. Во поземниот еко-систем каков што нема на друго место на светот, има живи суштества кои живеат само тука и никаде на друго место на планетата.

  • Table Mountain во ЈАР

    Седумте светски чуда на природата

    Table Mountain во ЈАР

    Над Кејптаун се издига неверојатната Table Mountain (поради стрмните падини и рамната површина наречена „планина маса“). И таа доби доволно гласови за да се најде на листата на седумте светски чуда на природата, која се‘ уште нема дефинитивен редослед. Конечниот редослед - од прво до седмо место - ќе биде познат на почетокот на 2012 година.

  • BMW i8 Concept

    Автомобили на иднината

    BMW i8 Concept

    Вака BMW го гледа еколошкиот спортски автомобил на иднината. Под карбонската каросерија се крие т.н. Plugin-Hybrid кој е поврзан со бензиски мотор (три цилиндри). Концептот i8 може да се пофали со 345 коњски сили (КС), но и со минимална потрошувачка. На 100 километри, наводно троши помалку од три литри! Концептот i8 треба да се најде во продажба од 2014.

  • Опеловиот електро-мобил

    Автомобили на иднината

    Опеловиот електро-мобил

    Енергетски трошоци помали од 1 евро на 100 километри, максимална брзина од 120 км/ч, место за двајца- еден зад друг! Во Опел размислуваат за сериско производство на оваа студија. Возилото е интересно и за младите кои се’ уште немаат возачка дозвола. Имено, можна е и една варијанта со максимална брзина од 45 км/ч.

  • Мерцедес F125

    Автомобили на иднината

    Мерцедес F125

    Технологијата на оваа студија на Мерцедес (со погон на водород) се’ уште не е зрела за сериско производство. Со тоа може да се смета дури од 2025 година. Каросеријата е од зајакната пластика, карбон и алуминиум. При влез во возилото, автомобилот го поздравува возачот со најнови сообраќајни вести, а непосредно пред крајот на возењето, му нуди и временска прогноза.

  • Audi Urban Concept

    Автомобили на иднината

    Audi Urban Concept

    Благодарение на Monocoque карбонската каросерија, возилото со должина од 320 сантиметри, тежи помалку од 500 килограми. Го придвижуваат два електро-мотори. Произведувачот ветува максимална брзина од 100 км/ч. Радиусот на Urban Concept е скромен. Со полни батерии може да мине максимум 60 километри.

  • Opel Flextreme GT/E

    Автомобили на иднината

    Opel Flextreme GT/E

    Само 60 километри во првата фаза може да мине и Opel Flextreme GT/E. Потоа стартува 72 КС силниот бензински агрегат, кој ја полни батеријата и радиусот на возилото го подигнува до максималните 500 километри. Интересни детали: наместо ретровизори GT/E на располагање има камери, а вратите се отвораат со помош на сензори.

  • BMW i3 концепт

    Автомобили на иднината

    BMW i3 концепт

    Електро возилото на баварскиот концерн е долго околу 4 метри, погонот е на задните тркала- каде што се наоѓа и моторот. Надворешноста е од пластика, а внатре се наоѓа алуминиумски костур. Малиот баварец тежи 1.300 килограми, заедно со батеријата. Со тоа, i3 е над 300 килограми полесен од возилата во неговата класа. Во продажба треба да се најде од 2013. година.

  • Volkswagen XL1

    Автомобили на иднината

    Volkswagen XL1

    Литиум-јонската батерија на овој хибрид може да се наполни на секој штекер. Студијата XL1 (како што тврди Фолксваген) на 100 километри троши помалку од 1 литар гориво. Батеријата се полни за само 90 минути, а во комбинација со полн резервоар (10 литри гориво) може да се минат 550 километри. Од 2013. година XL1 тргнува во сериско производство.

  • Porsche 918 Spyder

    Автомобили на иднината

    Porsche 918 Spyder

    Супер-спортскиот автомобил го придвижуваат еден V8 и два електро мотори. Карактеристики: 767 КС, 320 километри максимална брзина, забрзување од нула до 100 км/ч за само 3,2 секунди. Звучи привлечно? Но, таква не му е и цената. Ова Порше чини точно 768.026 евра. Од есента 2013. овој Спајдер ќе се најде во продажба.

  • Вкусно уште рано изутрина

    Фасцинација - германски земички

    Вкусно уште рано изутрина

    Најомилените земички на Германците за појадок се земичките од цели зрна. Во пекарниците има повеќе од 1200 различни видови производи, вклучувајќи ги и земичките од најразличен вид. Голема е и понудата на леб - во Германија има околу 300 различни видови леб.

  • Со нешто во средина

    Фасцинација - германски земички

    Со нешто во средина

    Сендвичите со земички се идеални за паузата за ручек. Една германска поговорка вели: Човекот не живее само од леб. Но, во земјата годишно се продаваат околу 1,6 милиони тони леб, во неговите најразлични видови.

  • Зрнесто, позрнесто, најзрнесто...

    Фасцинација - германски земички

    Зрнесто, позрнесто, најзрнесто...

    На фотографијата има два вида земички со цели зрна. Ја препознавате ли разликата? Зрната се идентични, а заеднички за двата вида земички е и тоа што во брашното има по околу 50 проценти ‘рж. Вистинскиот одговор гласи - има земички со и без дупка во средина.

  • Некои тоа го сакаат посолено

    Фасцинација - германски земички

    Некои тоа го сакаат посолено

    Солено и вкусно - земичките премачкани со раствор од сода бикарбона, кои потекнуваат од југот на Германија и Австрија и Швајцарија, станаа омилени насекаде, и тоа не само во германското јазично подрачје, туку и во САД и Азија. Солените земички и переци се неодоливи.

  • Двојно е подобро

    Фасцинација - германски земички

    Двојно е подобро

    Слично како со земичките, пекарниците се полни со кроасани во безброј варијанти и со безброј вкусови. Овде може да се видат кроасани потпечени со сирење и во продажба „по два“. Одозгора малку путер и ...ммммм, ако се купат два е не само поевтино, туку и два пати вкусно!

  • Вистински земички од вистински пекар

    Фасцинација - германски земички

    Вистински земички од вистински пекар

    Жената во оваа пекарница ги сака земичките што ги купува и вели дека вистинските земички мора да бидат од вистински пекар, а не од фабрика. Во Германија има околу 15.000 пекарници, кои често се долги години во сопственост на едно семејство. Во нив се вработени 290.000 луѓе.

  • Меѓу оброци

    Фасцинација - германски земички

    Меѓу оброци

    За да се заситите меѓу појадокот и ручекот, се нудат земички со јајце, зеленчук и мајонез. Речиси секоја пекарница во Германија на муштериите им нуди сендвичи и кафе. Обртот на средства во оваа бранша годишно изнесува околу 13 милијарди евра.

  • Пролетни земички

    Фасцинација - германски земички

    Пролетни земички

    Фаворит на пекарката: пролетни земички со цели зрна, сусам, афион и - моркови. Не само што е вкусно, туку и здраво! Германскиот леб и земички, со 1,8 до 2,2 проценти сол во себе, се над границата за „здрав леб“, поставена од страна на ЕУ од 1,3 проценти. Но, токму тоа е рецептот за успех во светот и тоа ги прави толку многу вкусни.

  • Типично германски

    Фасцинација - германски земички

    Типично германски

    300 видови германски леб - тоа е светски рекорд. Бојата на лебот - од сосема светол, преку сива, до најцрниот леб со цели зрна. Во земјите каде се јаде традиционално повеќе пченичен и бел леб, таканаречените "German Bakery" нудат секој ден свежи потемни алтернативи на лебот.