1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спорт

  • Иван Перишиќ (Борусија Дортмунд)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Иван Перишиќ (Борусија Дортмунд)

    Германците сфатија дека пред овој хрватски играч ничиј гол не е сигурен. Во ФК Бриж минатата сезона постигна дури 22 гола. Перишиќ го споредуваат со Михаел Балак, со тоа што Перишиќ е многу побрз. Тој има 22 години и веќе три пати играл за хрватската репрезентација.

  • Хасан Салихамиџиќ (Волфсбург)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Хасан Салихамиџиќ (Волфсбург)

    „Брацо“ е стар познаник на Бунделигата. До сега играл цели 12 сезони во средината на теренот за Хамбург, а потоа за Бајерн Минхен. Со Баварците ги славеше и најголемите успеси: освојувањето на Меѓународниот куп и на Лигата на шампионите во 2001. Во последните четири години играше за Јувентус од Торино, а германските навивачи се прашуваат уште колку може да покаже овој 34-годишен играч?

  • Кристијан Треш (Волфсбург)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Кристијан Треш (Волфсбург)

    Поранешниот тренер на Штутгарт, Армин Фе, го опиша како „храбар, страствен, динамичен и талент со срце". Но, по повредата спроти СП во 2010 не настрада само неговата кариера во репрезентацијата. Сега и во Волфсбург ќе мора да покаже на десното крило во одбраната што навистина знае и може.

  • Мехмет Екичи (Вердер Бремен)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Мехмет Екичи (Вердер Бремен)

    Тој спаѓа во групата германско-турски таленти. Три години играше за јуниорската репрезентација на Германија, но од 2010 игра за Турција. Во Бајерн не успеа да се докаже и на една година му беше позајмен на Нирнберг. Таму беше задолжен за прекинување на противничките напади во центарот на теренот и за изведување слободни удари.

  • Илкај Гендоган (Борусија Дортмунд)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Илкај Гендоган (Борусија Дортмунд)

    Овој играч од турско потекло играше за германските јуниори, но и како сениор се одлучи за новата татковина. Многумина ја фалат неговата профинета техника и сувереното владеење со топката, исто како и совладувањето на сложените ситуации на теренот. Тој има само 21 година и сигурно ќе се чувствува како дома кај разиграните колеги од Дортмунд.

  • Андре Ширле (Бајер Леверкузен)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Андре Ширле (Бајер Леверкузен)

    Минатата сезона спаѓаше меѓу оние, кои во Мајнц ја одушевуваа побликата со напаѓачки и разигран футбал. Неговиот нов клуб му плати околу 10 милиони евра на Мајнц за да се согласи со трансферот. Кон крајот на 2010 за прв пат играше и за националната репрезентација, а не ги крие ни амбициите со Бајер: барем титулата на германски првак.

  • Мануел Нојер (Бајерн Минхен)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Мануел Нојер (Бајерн Минхен)

    Веќе денеска го вбројуваат меѓу најдобрите млади голмани во светот. Уште како дете почна да игра во Шалке и навивачите го славеа секој негов потег - сега во Минхен допрва ќе мора да се докаже. Но, ако игра како во клубот од детството и како во репрезентацијата, тогаш сосема сигурно ќе го обожуваат и сино-белите.

  • Жером Боатенг (Бајерн Минхен)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Жером Боатенг (Бајерн Минхен)

    Натегањето меѓу Бајерн и Манчестер сити траеше долго. На крајот овој одбрамбен играч сепак смееше да го промени дресот - и тоа за 13,5 милиони евра. Во Англија често заработуваше повреди, па така не успеа да покаже што се’ може. Во Минхен се надеваат дека со него ќе ја покријат слабоста во одбраната што се покажа минатата сезона.

  • Рафиња (Бајерн Минхен)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Рафиња (Бајерн Минхен)

    Овој играч од Бразил е само малку повисок од 1.70 метри, но затоа она што му недостасува во висина го има во нозете: со пргавата и понекогаш агресивна игра се чини дека е секогаш таму, каде што е потребно во одбраната. Во Шалке го биеше глас дека е недисциплиниран, па затоа на една година му беше позајмен на ФК Ѓенова. Во Бајерн и тој треба да ја засили одбраната.

  • Џефри Брума (Хамбург)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Џефри Брума (Хамбург)

    Овој одбрамбен играч од Холандија е позајмен од ФК Челзи. Тој има 20 години, се смета за голем талент и телесно е многу силен и брз. Брз е и кога треба да се согледа ситуацијата на теренот. До сега два пати настапуваше и за холандската репрезентација.

  • Саша Ритер (Келн)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Саша Ритер (Келн)

    Навивачите не се многу сигурни дека ќе му помогне на тимот. Тој беше во зенитот на кариерата кога со тимот на Волфсбург го освои првенството во 2009, но од тогаш ѕвездата како да почна да му заоѓа. Во репрезентацијата играше само на два натпревари и големо прашање е дали доаѓањето во Келн ќе му ги зголеми шансите кај националниот селектор.

  • Луис Холтби (Шалке 04)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Луис Холтби (Шалке 04)

    Во младоста му приговараа за телесните недостатоци. Така, иако под договор за Шалке, прво му беше позајмен на Бохум, а потоа на Мајнц. Минатата сезона конечно успеа да покаже што умее, па од него зависеше дури играта на целиот тим. Така му падна в очи и на селекторот Јоаким Лев, кој веќе два пати го покани во изборот на најдобрите во Германија.

  • Вилијам Квист (Штутгарт)

    Најважните трансфери во Бундеслигата 2011/12

    Вилијам Квист (Штутгарт)

    Овој Данец би требало да се погрижи во тимот на Штутгарт наскоро да се вратат добрите времиња. Тој има 26 години и подеднакво добро се снаоѓа во нападот, како и во одбраната. Со ФК Копенхаген веќе пет пати го освојуваше првенството на Данска, а од 2007 е редовно член на данската репрезентација.

  • Големото спортско семејство во Лондон

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Големото спортско семејство во Лондон

    Олимписките игри во Лондон се спортскиот настан кој ќе ја одбележи 2012 година. Повеќе од 12 илјади спортисти од 27.07 до 12.08 ќе се натпреваруваат во 26 дисциплини за највисоки одличја. САД, Русија и Кина ќе водат битка за првото место во генералниот пласман. Германија ќе има тешка задача да го зачува петтото место од минатите игри.

  • Конечно до титула?

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Конечно до титула?

    За фудбалските фанови настан на годината е Европското првенство во фудбал во Полска и Украина од 8.06 до 01.07. Германските фанови очекуваат титула, полни 16 години по златниот гол на Оливер Бирхоф со кој беше освоена титулата во Англија во 1996 година. Се очекува финале против Шпанија, која беше поуспешна од германскиот тим на последните две големи натпреварувања.

  • Бајерн Минхен брка тројна круна

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Бајерн Минхен брка тројна круна

    Фудбалот нуди доволно возбудувања и без Европското првенство. Откако минатата сезона ја загубија титулата од Дортмунд, Бајерн сезонава атакува на троен триумф, во Бундеслигата, купот и во Лигата на Шампионите. Посебно значење му се дава на успехот во Лигата на Шампионите чие финале се игра во Минхен на 19 мај.

  • Заминувањето на Магдалена

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Заминувањето на Магдалена

    Во првата половина на март ќе доминира биатлонот. Магдалена Нојнер ќе атакува на злато на Светското првенство во биатлон во домашниот Руполдинг. Потоа таа ќе се прости од спортот. Кариерата ќе ја заврши на 25 години. Празнината која ќе ја остави ќе биде тешко да се надополни, и не само од германската перспектива.

  • Сјајот на медалите на германско тло

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Сјајот на медалите на германско тло

    Во 2012 година Германија не доби многу натпреварувања од меѓународните спортски авторитети. Освен во биатлон, меѓународните натпреварувања ќе се организираат во уште два спорта. Во февруари ќе се одржи Светското првенство во санкање во Алтенберг, а кон крајот на март во Дортмунд започнува светскиот шампионат во пинг-понг.

  • Диркулес сака одбрана на титулата

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Диркулес сака одбрана на титулата

    Германскиот спортист на годината во 2011 ќе биде будно следен и во 2012. Кошаркарската ѕвезда Дирк Новицки и неговите Далас Маверикс посакуваат одбрана на титулата во НБА лигата. Сепак, на 33-годишникот му е јасно дека по промените во тимот, одбраната на титулата ќе биде тешка задача.

  • Фетел по третпат

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Фетел по третпат

    Себастијан Фетел веќе е Ф-1 легенда, како најмлад двоен шампион во историјата. Ќе може ли со третата едноподруго титула да урне уште еден рекорд? Ќе дознаеме во периодот од 18 март до 25 ноември кога ќе се одржи сезоната во Формула 1.

  • Повторно број еден!

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Повторно број еден!

    Во Германија Мартин Кајмер е речиси непознат, во светски рамки одамна е ѕвезда. Во 2010 го освои ПГА шапионатот, како втор Германец во историјата воопшто, а во 2011 накусо се искачи и на првото место на голф ранг-листата. Тоа се неговите цели и во 2012 година. Пред се’, тука се вбројува и нова победа на неговиот тим Европа против САД на Рајдер купот во септември.

  • Моќта на жените

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    Моќта на жените

    Со години германскиот тенис беше на дното, пред појавата на Андреа Петковиќ (фото), Јулија Горгес, Ангелик Кербер и Сабине Лисицки (фото). Во 2011 тие го искачија тенисот на височини кои не беа достигнати уште од времето на Штефи Граф. Надежите се дека во 2012 резултатите ќе бидат уште подбри. Притоа јасно е дека жените ќе имаат предност во однос на мажите во овој спорт.

  • По победата на СП, триумф и на Олимпијадата

    Надежите на германскиот спорт во 2012

    По победата на СП, триумф и на Олимпијадата

    Во 2011 Тони Мартин со златото на СП во велосипедизам и донесе голем успех на Германија. Во 2012 тој посакува нов успех- овојпат на Олимпијадата во Лондон. Претходно ќе има шанса да ги покаже своите квалитети и на традиционалниот Тур Д Франс.