1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

  • Филмови во Берлин

    Берлинале

    Филмови во Берлин

    Филмови, филмови, филмови! Главниот град на Германија годинава по 62. пат од 9. до 19. февруари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал. Светски ѕвезди и наградувани режисери од целиот свет се собираат на Берлиналето. Фестивалот е во рангот на прочуените филмски смотри во Кан и во Венеција.

  • Гламур и политика

    Берлинале

    Гламур и политика

    Во Берлин се очекуваат повеќе од 300 илјади љубители на филмови на проекции во киносалите ширум градот. Зенит на секој ден е вечерниот гала настан во познатата „Палата на Берлиналето“ -„Berlinale Palast“ (фото), каде обожувателите можат да ги видат светските филмски ѕвезди на црвениот килим.

  • Кралски сјај

    Берлинале

    Кралски сјај

    Покрај сјајот и гламурот и политиката е составен дел на фестивалот. Освен холивудските ѕвезди, Берлиналето е познато и по претставување на политички и општествено ангажирани филмови. Филмот на отворањето на фестивалот „Збогум моја кралице“ на Беноа Жако го прикажува живтот на францускиот кралски двор во 18. век и почетокот на Француската граѓанска револуција.

  • Германски филмови

    Берлинале

    Германски филмови

    Германските филмови годинава се сериозни конкуренти во трката за главните фестивалски награди- Златната и Сребрените мечки. Некои од најпознатите режисери од германското говорно подрачје - Кристијан Пецолд,Матијас Глазнер и Ханс Кристијан Шмит ќе ги претстават своите најнови филмови. „Дома за викенд“, (фото), филмот на Шмит е приказна за семејна криза.

  • Контроверзен кинеско- американски филм

    Берлинале

    Контроверзен кинеско- американски филм

    Ќе биде прикажан и филмот „Цвеќе на војната“ на прочуениот кинески режисер Жанг Јимоу. Станува збор за кинеско-американска копродукција со холивудската ѕвезда Кристијан Бејл (фото) во главната улога. Филмот говори за кинеско-јапонската војна од 1937. година. „Цвеќе на војната“ веќе се прикажува во Кина , а филмските критичари во светот го опишуваат како националистичка пропаганда.

  • 12. фестивал на Кослик

    Берлинале

    12. фестивал на Кослик

    Директор на Берлиналето по 12. пат е Дитер Кослик. Тој често е критикуван за изборот на филмови. И годинава нема да де појават големи имиња од филмската индустрија. Конкуренцијата меѓу фестивалите кои сакаат да привлечат големи ѕвезди е огромна а со оглед дека доделувањето на Оскарите е на крајот на февруари, многумина се колебаат да дојдат во Берлин.
    , mnogi oklevaju da dođu na Berlinale.

  • Мајк Ли- претседател на жирито

    Берлинале

    Мајк Ли- претседател на жирито

    Претседателот на стручното жири кое на 18. февруари ќе ја додели Златната мечка е Мајк Ли. Тој е единствен претставник на општествено ангажираната филмска уметност. Многу негови филмови сместени во мал интимен, приватен простор, откриваат и испраќаат пораказа општествените неправди. Овој режисер е освојувач на врвни признанија на фестивалите во Кан и во Венеција.

  • Режисерско деби на Анџелина Џоли

    Берлинале

    Режисерско деби на Анџелина Џоли

    Главната натпреварувачка програма со 18 светски премиери е само дел од фестивалот. Во различни филмски селекции ќе бидат прикажани околу 400 филмови. Меѓу нив е и режисерскиот првенец на актерката Анџелина Џоли- „Во земјата на крв и мед“, која во многу земји на Балканот предизвика жестоки полемики.

  • Форум- светски филмски остварувања

    Берлинале

    Форум- светски филмски остварувања

    Во рамките на секцијата Форум ќе бидат прикажани филмови од Азија, Јужна Америка и Африка. Тоа е честопати терен за иновативни „политички“ филмови. Филмот „Скромен прием“ (фото) на Мани Хагиги од Иран е приказна за богата брачна двојка која дели пари ширум земјата. Провокативен филм од земја која неретко ги попречува своите филмски автори.

  • Панорама- разновидни филмови

    Берлинале

    Панорама- разновидни филмови

    Втора по големина секција на Берлиналето е „Панорама“, која претставува интернационална програма. Таа ќе биде отворена со „Индигнадос“ (фото) на Тони Гатлиф , филм базиран на есејот на Стефан Есел- „Time for Outrage!“ . Филмот комбинира документарни и играни секвенци во метежот на европското општество.

  • Ретроспективи

    Берлинале

    Ретроспективи

    Берлиналето секогаш има и издвоена селекција за ретроспективи. Годинава тоа се филмови состадени во германско-руското студио Мешрабпом меѓу 1922. i 1936. Во тој период се снимени повеќе од 600 филмови,често храбри ескперименти, но и дела многу популарни и за широка публика. Еден од тие хитови е „Крај Санкт Петерсбург“ (фото) на Пудовников.

  • Кулинарски филмови

    Берлинале

    Кулинарски филмови

    Секцијата „Кулинарско кино“ е иницијатива на директорот на фестивалот Дитер Кослик. Таа комбинира две негови страсти: филмот и готвењето. Оваа селекција е многу популарна кај публиката на Берлиналето и тешко е да се пронајде карта за проекциите.

  • Ѕвезди во Берлин

    Берлинале

    Ѕвезди во Берлин

    Секоја година Берлиналето им оддава почит на познати глумци, претставувајќи серија нивни филмови. Годинава таа чест и припадна на Мерил Стрип. Американската актерка годинава е номинирана за Оскар за улогата во „Челичната лејди“. таа сепак ќе дојде во Берлин каде ќе бидат прикажани и нејзините класици како „Моја Африка“ (фото) со Роберт Редфорд.

  • Студиото Бабелсберг слави 100 години

    Берлинале

    Студиото Бабелсберг слави 100 години

    Стофодишнината на познатото филмско студио кај Берлин- Бабелсберг, мораше да биде одбележана на Берлиналето. Во ова студио се снимени многу класици а и денес таму работат познати режисери како Роман Полански. Многу сцени од неговиот филм „Пијанист“ (фото) од 2002. се снимени токму во
    Студиото во Бабелсберг.

  • Германските филмови добро претставени

    Берлинале

    Германските филмови добро претставени

    Како што фестивалот во Кан ги претставува француските а оној во Венеција италијанските така Берлиналето ги претставува германските филмови.
    Селекцијата „Перспективни германски филмови“ прикажува и некои нови филмски таленти како режисерот Јан Шпекенбах и неговиот филм „Reported Missing“ (фото).

  • Филмска гозба

    Берлинале

    Филмска гозба

    До крајот на фестивалот тешко ќе може да се процени каква ќе биде 2012. година во филмската индустрија. Едно е сигурно сите 11 денови на Берлиналето се полни со страствени дебати за филмовите а сигурно не недостасуваат ниту илјадниците посетители кои традиционално Берлиналето го прават најпосетен филмски фестивал во светот од А категорија.