Напрегнатата ситуација на северот на Косово многу влијае врз дијалогот на Белград и Приштина и на разговорите за европската перспектива на регионот, оцени генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.
По речиси 11 месеци насилство со илјадници мртви, ОН преиспитуваат можност за испраќање набљудувачка мисија во Сирија.
Египетското министерство за правда обвини 43-ца соработници на невладини организации во земјата поради недефинирани „забранети активности“. Денеска (09.02) Бундестагот се занимава со овој проблем.
Грчките лидери не се договорија за реформите и програмата за штедење. Министерот за финансии Евангелос Венизелос патува денеска доцна попладне во Брисел, на состанок со колегите од еврозоната, без целосен договор.
Турција предложи во Истанбул или друг регионален центар итно да се организира меѓународна конференција за ставање крај на насилствата во Сирија. ЕУ најавува нови санкции за Дамаск.
Кој ќе се појави како противник на Обама на есен? Останува возбудата во предизборите за претседателски кандидат на републиканците. Во три сојузни држави имаше гласање. А, фаворитот Мит Ромни остана во позадина.
Советот за безбедност на ОН ја разгледува ситуацијата на Косово. Меѓудругото ќе се говори и за работата на специјалниот тим за истрага на наводите за трговија со органи на Косово.
Во Атина ниту вчера не падна конечната одлука околу пакетот мерки за штедење и отписот на дел од долговите. Грција се‘ уште не е спасена, смета Спирос Москову во коментарот.
Во Европа и натаму владеат студениот бран и ниските температури, а покрај бездомниците има и луѓе кои се смрзнале во своите домови.
Правен успех на поддржувачите на хомо-браковите во Калифорнија: забраната воведена во 2008-та година е прогласена за противуставна.
Аргентина планира во конфликтот со Велика Британија околу Фолкландските острови да ги вклучи ОН.
Премиерот на тибетската влада во егзил Лобсанг Сангај за денеска (08.02) повика на собири на солидарност со Тибетанците ширум светот. Кинеските власти ја заоструваат контролата.
Две лица со арапско потекло со години шпионирале противници на сирискиот режим во Германија. Мрежата, најверојатно е далеку поголема