1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпионската програма на НСА пред крај?

ЕМФ/се/сти (апе, афп, дпа)31 мај 2015

За шпионската програма на НСА е тесно-денеска истекува рокот за реформа или продолжување на контроверзните закони за тајните служби за одбрана од терор. Републиканецот Пол сака да спречи гласање во Сенатот по ова прашање

https://p.dw.com/p/1FZms
Фотографија: Getty Images/M. Ngan

Во спорот околу иднината на спорните закони за шпионирање на американската тајна служба НСА, Сенатот се приближува до истекот на крајниот рок. Денеска на полноќ (во 6 часот во понеделник по средноевропско време) истекува т.н. Patriot Act, кој беше донесен по терористичките напади од 11 септември 2001 година. Ако Сенатот до полноќ по локално време не постигне согласност за гласање за реформата на тајните служби кон која стреми претседателот Барак Обама, или не биде договорено ппродолжување на роковите, ќе заврши законското овластување за масовно следење телефонска и интернет комуникација и податоци. Во таков случај тајната служба НСА на полноќ ќе мора да ги запре ваквите активности.

„Револуционерот Пол“

Токму тоа е и целта на републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки (на насловната фотографија). Тој најави дека на денешната вонредна седница на Сенатот ќе спречи секакво гласање околу законите. „Ќе издејствувам истекување на илегалните програми на НСА за шпионирање“, напиша Пол на Твитер. Американците, според него, имаат право на приватна сфера и таа мора да биде заштитена.

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш предупреди судирот да не се инструментализира за политички цели. Без да го именува Пол, кој најави кандидатура за претседателските избори 2016-та, Обама го критикуваше ставот за блокада. „За жал некои луѓе се обидуваат да ја искористат дебатата за политички да поентираат“, рече тој, додавајќи: „Но тоа не треба и не може да биде политичко прашање.“ Како што нагласи Обама, „терористите како Ал Каеда или Исламска држава нема одеднаш на полноќ да престанат да преземаат дејства против нас“.

Американскиот претседател во петокот ги замоли сенаторите да донесат одлука. Повик до сенаторите са гласаат за реформа на тајните служби упати и шефот на тајните служби Џејмс Клапер. Вакво вклучување во дискусијата е невообичаено.

Сенатот е поделен

Претставничкиот дом пред извесно време со широко мнозинство гласови на демократите и републиканците гласаше за реформата, т.н. Freedom Act. Со промените би требало да се преработи досегашниот Patriot Act, со кој тајните служби добија широки овластувања во рамки на борбата против тероризмот. Пред се‘ би требало да заврши систематското следење телефонски и интернет комуникации и податоци во САД. Во делот на активностите на НСА во странство не би се променило ништо.

Отпорот во редовите на републиканските сенатори против реформата се должи на различни причини. Една група сенатори во тоа гледа големо ограничување на компетенциите на НСА, како во делот на борбата против екстремистичките групи и затоа се залага за продолжување на Patriot Act. Сенаторот Пол, пак, и во Patriot Act и во Freedom Act гледа големо ограничување на граѓанските слободи.