1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Фокус“ со нов напис за тајните конта

Александар Чомовски9 декември 2005

Неделникот „Фокус“ не попушта. Во денешниот број објавува нов напис за тајните конта на Црвенковски и Костов во швајцарски банки.

https://p.dw.com/p/AcAe
Финансиски афери во Македонија
Финансиски афери во МакедонијаФотографија: aptn

Објавени се факсимили од наводното префрлање, сега на 11 милиони долари од страна на првиот банкар на Комерцијална на наводната швајцарска сметка на претседателот на Македонија во периодот од 2004 година.

Во минатиот број политчкиот магазин, објави банкарски сметки од Швајцарија на кои наводно Црвенковски и Костов како политчари не ги пријавиле, а имале по 200 односто 400 илјади долари.

По таквото пишување денеска првпат директно во јавноста со демант но и со објаснување на својата постапка се огласи претседателот Црвенковски:

„По мое мислње, јас не сум правник, меѓутоа сметам дека помалиот проблем во дадениот случај е кривичното дело клевета. Поголем проблем е кривичното дело фалсификување на писмени документи. Можеби, во судската постапка вниманието ќе се концентрира токму на тоа.“

За Црвенковски расчистувањето на вистината околу пишувањето на неделникот е пресврт

„Јас знам која е вистината, и знам каков ќе биде крајот, меѓутоа многу е битно да се покаже дека во Македонија се прави разлика што е чесно, а што е криминално. Без разлика дали говориме за политиката или овојпат и за новинарството.“

Парлалено со реакциите на претседателот Црвенковски кој побара директен ангажман на државниот обвинител Прчевски, претседателот на анти корупциската комисија соопшти:

Денеска е испратено официјално писмо до швајцарските банки со информација за точноста на постоењето на непријавени конта од стрна на екс премиерите Црвенковски и Костов во време на нивното владеење:

„Дефинитивно ова е надоврзување на некој начин на она што е пласиирано од страна на неделникот, така да ова значајно нема да влијае во овој момент.“

Истакна Драги Малиновски чија анти корупциска комисија со која претседава веќе ја отвори постапката за испитување на наводите од пишувањата на неделникот „Фокус“.

Паралелно со оваа медиумска афера соопштени се и наоди на државниот ревизор кој ги прикажуваше незаконските транскации во Министерството за одбрана во време кога таму на чело беше актуелниот премиер Владо Бучковски

„Со оглед на тоа дека постојат укажувања за неправилности во работењето, обвинителот треба да се вклучи за да се утврди какви навистина се фактичките состојби. “

Реагираше Слаѓана Тасева, за интересите и интегритетот на државниот обвинител Прчевски, кој од анти корупцикстата комисија постојано е прозиван за својата неажурност и неагилност.

Како до нулта толеранциа за растечката корупција во Македонија. Тоа е нов проект на Транспаренци во Македонија. Според јавнотот мислење во Македонија, на врвот од ранг листата на корупцијата е церина. Во оценката до пет како највисок степен на подмитување.

Двете парапалелни афери за сметките на Бранко Црвенковски и Хари Костов како и за незаконските трансакции на премиерот Бучковски од 2004, за што е објавен извештајот на државниот ревизор, се процеси кои се оценуваат и како дел од нивниот меѓусебен политички ривалитет.