1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина бара 20 милијарди евра за промена на курсот кон ЕУ

Б. Георгиевски/афп/бета11 декември 2013

На украинското стопанство ќе му бидат неопходни 20 милијарди евра помош поради последиците од евентуалното потпишување на Договорот за асоцијација со ЕУ, вели премиерот Азаров.

https://p.dw.com/p/1AXIz
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Предлагаме прашањето да се регулира со пружање на финансиска помош на Украина. Пресметавме дека се неопходни околу 20 милијарди евра“, изјави премиерот на Украина, Микола Азаров.

Според него, Киев предлага ЕУ да учествува во финансирање на проекти кои би биле корисни и за Украина и за ЕУ, како што е модернизацијата на „коридорот за транспорт“, алудирајќи при тоа на гасоводите кои минуваат низ Украина.

Киев на почетокот на ноември се откажа од потпишувањето на Договорот за асоцијација со ЕУ, оценувајќи дека Украина не може да си ги дозволи економските загуби кои би следувале поради евентуалното влошување на односите со Москва.

Поради таа одлука, во Киев веќе три недели се одржуваат протести, а опозицијата наведува дека властите и го свртеле „грбот“ на ЕУ и Украина ѝ ја предале на Русија.

„И владата е за брзо потпишување на договорот со ЕУ но сакаме да обезбедиме услови и во најголема можна мерка да ги намалиме загубите за нашата економија“, рече Азаров.

Тој соопшти дека со рускиот претседател Владимир Путин на 17 декември во Москва нема да разговара за влезот на Украина во Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан, чија суштина е меѓусебната слободна трговија.

„Сакам да ги демантирам сите шпекулации, нема да има разговори за Царинска унија и Владата за тоа не подготвува никаков документ“, рече Азаров.