Филмски фестивал Кан 2013
Иран - филмска нација
И иранскиот режисер Ашгар Фархади годинава во Кан го прикажува своето ново дело „Минато“. Последниот филм на Фархади, „Надер и Симин - разделба“ освои Оскар, Златна мечка на Берлиналето и многу други фестивалски награди, а на режисерот му донесе светска слава. Филмот „Минато“ Фархради го снимаше во Франција. Повторно станува збор за разделба: меѓу Французинка и Иранец.