1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спор околу иднината на Европската унија

М.Максимовиќ/ С. Недевски28 мај 2014

По европските избори, ЕУ ja ја очекува процес на разгледување на приоритетите за наредниот период со кои би ја повратила довербата кај граѓаните, меѓу кои расте бројот на евроскептици.

https://p.dw.com/p/1C7zt
Фотографија: Georges Gobet/AFP/Getty Images

Откако го слушна гласот на своите граѓани лидерите на Европската унија на вонредниот самит во Брисел започнаа консултации за приоритетите и стратегиите според кои Унијата ќе се раководи во годините што доаѓаат. Резултатите од последните европски избори покажуваат мешавина од поддршка за постоечката политика и желба за промени, ама и пораст на евроскептицизмот во некои земји- членки.

Засега државите од ЕУ се согласни во оценката дека во наредниот период во фокусот мора да остане заживувањето на економијата: стопанскиот раст, пазарниот натпревар и отворањето нови работни места. Меѓутоа додека некои, како германската канцеларка Ангела Меркал тој пат го гледаат преку одржување на фискалната дисциплина, други на чело со францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци, заговараат олабавување на политиката за буџетско штедење.

Истовремено, додека мнозинството во ЕУ иднината и натаму ја гледа во синтагмата „повеќе Европа“, за премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, таа нужно и не секогаш го вклучува Брисел: „Имајжи ги предвид резултатите од европските избори, ЕУ не може да ги спушти рамениците и да продолжи натаму. Потребна ни е промена и Европа да се концентрира на она што навистина е битно-економскиот раст и работните места, а не многу други работи. Потребен ни е пристап кој ќе препознае дека Брисел стана преголем, оти премногу наредува и се меша. Мораме да имаме земји национални држави каде што тоа е возможно , а Европа само каде што е потребно“, гласи пораката на Камерон од вчерашниот состанок на врвот на ЕУ. Сето ова говори за тежината на работата која Советот на ЕУ му ја додели на својот претседател Херман ван Ромбој од кого се очекува во наредните недели со земјите членки да води билатерални консултации со цел усогласување на стратешките ориентации на Унијата.

EU Parlamentswahl 25.05.2014 Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa

Без договор за идниот претседател на Еврокомисијата

По кој пат ќе се движи Европската унија натаму, многу ќе зависи и од приоритетите на новиот состав на Европската комисија, а првата битка за „нова Европа“ веќе се води околу именувањето на претседателот на тоа најзначајно извршно тело на ЕУ. Врз основа на Лисабонскиот договор и резултатите од изборите за Европскиот парламент, Жан Клод Јункер, кандидатот на европските конзервативци, кои и овојпат освоија најголема поддршка од граѓаните на ЕУ, полага право на функцијата прв човек на Еврокомисијата. Јункер како прв мандатар за составување на потребното мнозинство во Парламентот го поддржаа и другите најголеми европски политички групи, почнувајжи од социјалдемократите, преку либералите и зелените и за тоа веќе го известија Европскиот совет чија ингеренција е да во консултација со Европскиот парламент и земајќи ги предвид резултатите од европските избори, да го предложи новиот претседател на Еврокомисијата.

Europawahlkampf Debatte Jean-Claude Juncker
Жан Клод ЈункерФотографија: DW/B. Riegert

„Нема потреба Советот на ЕУ да го одолговлекува тој процес. Сега не е време за премислување, туку е време на проевропските сили да им се даде шанса да одговорат на загриженоста на европските избирачи преку детална програма за наредните пет години“, изјави шефот на пратеничката група на европските социјалдемократи во ЕП, Ханес Свобода.

Меѓутоа меѓу европските лидери ни по ова прашање засега не постои консензус. Иако вели дека е задоволна со фактот дека Јункер доаѓа од редовите на Европските народни партии, на кои и самата им припаѓа, германската канцеларка Меркел нагласи дека „никој нема апсолутно мнозинство и оти тоа допрва мора да се пронајде“. За британскиот премиер камерон, Јункер не е прифатлив кандидат , бидејќи инсистира на посилна интеграција на Европа. од другастрана хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, смета дека ветувањето дадено на избирачите за поддршка на кандидатот на политичката опција, која добила најмногу гласови на европските избори, морада се почитува.

Во Брисел можеше да се чуе и предлог на чело на извонредно важната европска институција да биде избрана жена. Во секој случај наредните денови и недели ќе бидат посветени на консултации и на преговори меѓу Советот на ЕУ, Европскиот парламент и земјите-членки за една од трите најзначајни функции во Унијата. По именувањето на новиот претседател на Еврокомисијата, Европската унија до крајот на годинава би требало да добие и нов претседател на Советот на ЕУ и нов шеф на дипломатијата.